Македонија
 

Клучот на успешното учење нов јазик

Helen_BLOG3Овој блог претставува втор дел од одговорот кој  Хелен го дава на прашањето: Многу деца го изучуваат англискиот јазик цел свој живот,  сепак, не умеат да зборуваат течно. Како може методот на Хелен Дорон да го постигне овој посакуван резултат?

Клучна состојка: Често слушање на соодветни аудио материјали во позадина

Во мојот последен блог, беа дискутирани три главни подточки: учење во мали групи, позитивен фидбек и учење низ забава преку песни и игри. Друг основен составен дел на методот е и слушањето на јазикот во позадина во текот на денот. Искуството со кое се здобивме низ годините ни посочи на тоа дека слушањето во позадина или пасивното слушање на јазикот е од исклучителна важност и основна алатка која им помага на децата да го зборуваат јазикот течно. Зборовите, фразите,репликите, граматиката и песните се учат преку секојдневно слушање на аудио материјалите во позадина. Хелен Дорон материјалите се преполни со песни, повеќе од 450 песни само на англиски. Најголемиот дел од нив се оригинални песни креирани специјално за нашите програми. Важно е да се спомне дека слушањето во позадина не подразбира разбирање на она што се слуша. На почетокот, додека аудио материјалите се пуштаат во позадина додека детето јаде, си игра, се мие или се спрема за спиење, ученикот не разбира што всушност слуша. Ова значи дека мозокот добива редовна стимулација и специфични нервни патишта се формираат за понатамошното совладување на јазикот преку процесирање на звукот на самиот јазик.

abc

Нервните патишта се формираат се до 7мата година од животот на човекот. До таа возраст, мозокот има високо ниво на растегливост затоа странските јазици може да се совладуваат како мајчиниот. Помеѓу  8мата и 10тата година, таа предиспозиција почнува да опаѓа. Како и да е, детето се  уште може да го совладува јазикот преку редовно слушање на аудио материјали и преку посетување на часови, но не толку добро после 10тата година. Ова е така, бидејќи до таа возраст се  уште не е комплетно изгубена можноста за апсорбирање на јазикот како мајчин. Оваа група на деца ќе зборува течно и ќе го разбира јазикот, иако, доколку се почне подоцна, односно во периодот од 8-10 години, децата ќе имаат проблем со совладувањето на граматката како што ја имаат совладано во мајчиниот јазик. Од 11 годишна возраст па нагоре, мозокот го прима јазикот на различен начин, но сепак може да се постигнат добри резултати само ако се комбинира учење во мала група, позитивен фидбек, забава, игри, специјално дизајнирани активности,  користење на иновативни техники и слушање на јазикот во позадина.

Уметност и наука на добрата настава

Методот на редовното слушање на јазикот во позадина значи дека вокабуларот, граматиката, синтаксата и морфологијата се  впиваат на природен начин. Освен тоа што детето двапати го слуша материјалот дома, тоа исто така посетува часови со наставници кои се специјално обучувани да работат со оригиналните материјали, музика, приказни  игри, специфични активности и техники, така што детето на едноставен начин го впива англискиот јазик како мајчин јазик. Многу лесно и едноствно. Постои структура и план за сиот тој процес, иако детето часот го доживува како спонтана забава. Наставната средина е универзална и преку 4,000 наставници ширум светот ги користат овие техники. Наставната програма не е по избор на наставникот. Се разбира, дозволено е наставникот да биде креативен и да додаде нешто по свој избор, но наставната програма се базира на многугодишно педагошко искуство и успеси и се е вниматено испланирано. Наставникот ги добива сите потребни алатки за работа, постојат илјадници различни игри во сетовите. Овие игри се проверени и докажано е дека носат успех и развој. Тие се наменети да му дадат контекстуално значење на јазикот и да го развиваат спонтаниот говор. Материјалите се проверуваат и надополнуваат постојано како што наставниците посетуваат семинари и работат на своите техники. Несомнено е дека наставниците најдобро се надолопнуваат преку своето лично искуство, но откако ќе постигнат одредено ниво, корисно е да гледаат други наставници и нивните лични техники. Семинарите им овозможуваат да добијат фидбек од тренерите и да имаат мотив да се подобруваат со текот на годините.

Основа за успех

Нашиот метод и нашите материјали се создадени со цел да им се помогне на сите деца да зборуваат течно. Го имаме увидено успехот од нашата настава. Сведоци сме на децата кои кај нас го совладуваат течниот говор и вистинско задоволство е да ги слушаш. Уникатноста на Хелен Дорон методот се состои во тоа што децата зборуваат пред да научат да пишуваат и читаат. Понекогаш ни се случува многу мали деца да проговорат на англиски пред да прозборат на својот мајчин јазик! Ова се случува бидејќи инпутот кои го добиваат е толку систематски дизајниран и прилагоден на нивните потреби, така што тие веќе имаат впиено јазични слоеви кои почнуваат да излегуваат од нив. Како што имам посочено во еден поранешен блог, инпут = аутпут. Кога децата учат јазик на организиран, систематски начин тие не изненадуваат со организирано и течно говорење. Тоа е реакцијата која нивните мозоци ја даваат на нашата стимулација. Ние им помагаме на децата да зборуваат течно и прецизно и градиме основа која ќе им трае до крајот на животот.

 

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 10 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodrom – 078 219498
Helen Doron Karpos – 070 323 525
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Kisela Voda – 070 306 297
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476
Helen Doron Radovis – 075 236 220