Македонија
 

КАКО ЧИТАЊЕТО ИМ ПОМАГА НА УЧЕНИЦИТЕ АКАДЕМСКИ ДА СЕ РАЗВИВААТ?

  • Потекнувам од семејство на читатели за кое што нема ништо помачно од седење во чекална без ништо, ама баш ништо за читање! Читањето за нас е вообичаено и секогаш сме желни  за повеќе. Би читале и флаери, памфлети, списанија стари и по десетина години, па дури и шишиња од шампон.

Како наставник и родител, од моите ученици и деца посакувам една важна навика – читањето да им стане силен и неконтролиран нагон исто како грицкањето нокти или штракањето со пенкало за време на предавање. Сакам учениците и децата да читаат поради истата причина за која Џорџ Леј Малори го искачи Еверест: Затоа што постои!

Untitled design

Придобивките од рекреативното читање

Асоцијацијата на американски библиотеки (The American Library Association) открива силна поврзаност помеѓу секојдневните навики за рекреативно читање и севкупното исполнување на задачите на учениците. Асоцијацијата ги објавува следните истражувања:

  • Учениците кои читаат слободна литература освен задолжителната, стануваат подобри читатели, имаат повисоки оцени на тестовите по сите предмети и имаат поголемо содржинско знаење од оние ученици кои не читаат;
  • Повеќето истражувања стојат зад тоа дека дури и многу малку рекреативно читање го зголемува разбирањето при читање кај учениците, го зголемува нивниот фонд на зборови, полесно спелуваат, полесно ја учат граматиката и поубаво го запознаваат светот.

Важен фактор за позитивното влијание од читањето е тоа што овие ученици многу често сами бараат да читаат нови книги.

Доколку децата од рани години се изложени на читање, тие понатаму ќе очекуваат дека читањето е многу важен дел од нивното секојдневие. Затоа, ги охрабруваме родителите на децата кои се на претшколска или рана школска возраст да им читаат и раскажуваат приказни секој ден и со тоа да им го доближат читањето на нивните најмили уште од многу мали.

Како можат наставниците да го поддржат читањето вон училишните клупи?

Како наставник, свесна сум за отпорот кој го пружат учениците против домашните задачи и се надевам дека наместо да изберат било каква друга задача, децата би одбрале да секојдневно да читаат. Истражувањата откриле многу важни придобивки од секојдневното читање од 20 до 60 минути.

Друго истражување открива дека на некои читатели им се потребни 15-20 минути дневно, додека на други им се потребни 45 минути или повеќе за да постигнат добри резултати, но и без разлика на времето поминато во читање, тоа ќе се исплати до последна минута.

Наставниците имаат силно влијание врз секојдневните навики и работа на своите ученици, па еден од начините на коишто би можеле да ги поттикнат на читање е да постават високи очекувања од нив како читатели. Секој понеделник го започнувам со тоа што ги прашувам моите ученици што прочитале за време на викендот и тоа секогаш продолжува во дискусија за некоја книга или статија од весник. Никогаш не се плашам да им предложам нови работи за читање! Со тоа што им го наметнувам читањето кое што не е поврзано со училишните задачи и тоа што очекувам навистина да читаат, сметам дека влијаам врз нивните навики во врска со читањето.

Наставничката на мојот син ги има истите очекувања од нејзиното одделение, со тоа што таа оди еден чекотр понпред и бара од нив да фаќаат белешки за она што го читаат за да се присетат во иднина што прочитале. Наставникот на ќерка ми има блог каде што тој и неговите ученици претставуваат што читале, а тој како награда го бележи нивниот успех со поени. Наградите ги поттикнуваат учениците од одделението да бидат поконкуретно настроени и содржината на блогот ги интригира другите ученици да ја прочитаат истата книга за да можат да отворат дискусија за неа.

Без разлика на начинот на којшто сакаме да ја постигнеме оваа цел, главната тема е истата: сите ние колективно очекуваме од нашите ученици да читаат, а пак тие најчесто се издигнуваат над нашите очекувања!

Затоа Helen Doron English ја креираше глобалната кампања Readers Are Leaders која е фокусинара на читањето . Кампањата Readers Are Leaders го истакнува читењето како супер моќ и има за цел да ја подигне свесноста кај децата и родителите за тоа колку читањето има силно влијание врз иднината на децата. Сакаме децата да ги доближиме до тој магичен свет на книгите и им покажеме колку тоа може да биде забавно и корисно. Да испратиме силна порака:

” Нашите деца се нашата иднина, каква ќе ни биде иднината зависи од тоа колку нашите деца читаат. Книгите создаваат лидери, книгите создаваат херои! “

За таа цел Хелен Дорон Македонија ве кани на најголемиот фестивал на книгата Readers Are Leader – Book Fest кој го организираме во склоп на нашата глобална кампања Readers Are Leaders.

На 13ти Мај во периодот од 12:00 – 17:00 градскиот парк во Скопје ќе го претвориме во огромна бајка за деца инспирирано од книгата Алиса во земјата на чудата. Ајде заедно да ја разбудиме љубовта кон книгите кај децата и да им покажеме колку читањето може да биде забавно и корисно. Дознај повеќе за настанот овде: https://m.me/HelenDoronEarlyEnglishMacedonia?ref=BookFest

__________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476