Македонија
 

КАКО ДА СЕ ПОТТИКНАТ ДОБРИ НАВИКИ ЗА ЧИТАЊЕ КАЈ ДЕЦАТА

Читањето е една од најосновните вештини која децата треба да ја совладаат за да бидат успешни. Добро развиената вештина за читање не само што им користи на учениците на академско ниво туку – тие се неопходна вештина потребна за доживотен успех. Читањето го развива речникот, го зголемува распонот на внимание и промовира поразвиено аналитичко размислување.

Да го заинтересираме детето за читање

Одговорот како да се стекнат децата со навики за читање е – да им се чита дома од најрана возраст. Со често заедничко читање , вашето дете ќе ја запознае, од прва рака, радоста која ја предизвикува читањето, што ќе допринесе да се развие кај него мотивацијата за читање.

Како и да е, секој ученик учи и ги преработува информациите на различен начин. Ова значи дека кај некои деца може да се роди природна љубов кон читањето а кај некои не.

Ако вашето дете спаѓа во втората категорија, не грижете се. Како родител, постојат многу различни стратегии кои можете да ги искористите за да го мотивирате вашето дете да чита.

Прво, важно е да разбереме зошто вашето дете не сака да чита.

Зошто моето дете мрази да чита?

Не секое дете сака да чита. Некои од вообичаените причини зошто не сакаат да читаат се:

  • Вашето дете го доживува читањето како обврска
  • Вашето дете има потешкотии со читањето
  • Вашето дете мисли дека читањето е досадно
  • Вашето дете сé уште не ја пронашло вистинската книга

Добрата вест е дека штом разберете зошто вашето дете не сака да чита, можете да започнете со решавање на проблемот и да го направите читањето позабавно.

Во самиот процес на претставување на читањето како забавна активност, вашето дете е многу веројатно дека ќе развие љубов кон читањето, ќе се поттикнат подобри навики за читање и дека ќе се олесни процесот на учење воопшто.

Untitled design (4)

10 НАЧИНИ ДА СЕ ПОТТИКНАТ ДОБРИ НАВИКИ ЗА ЧИТАЊЕ КАЈ ДЕЦАТА

Обидете се со овие 10 лесни совети да поттикнете добри навики за читање кај вашето дете со тоа што ќе го направите читањето забавно.

1.КРЕИРАЈТЕ ПРОСТОР ЗА ЧИТАЊЕ

Креирајте простор за читање за вашето дете со негова/нејзина помош. Поставете вреќа за седење, различни книги, и вашето дете ќе има свое удобно катче за читање.

2.ПОТТИКНЕТЕ ГО ЧИТАЊЕТО ДОМА И НА СИТЕ ДРУГИ МЕСТА

Научете го вашето дете дека читањето е повеќе од само читање книги. Вежбајте читање на менија, имиња на филмови, сообраќајни знаци, инструкции за игри, и друго – покажете му на вашето дете дека читањето го има насекаде.

3.ДАЈТЕ МУ ПРИМЕР

Вие дајте му пример и читајте пред вашето дете. Тоа што вашето дете ќе ве види како читате списанија, весници и книги ќе му покаже дека читањето е важно. Охрабрете го вашето дете да ви се придружи со својата книга додека вие читате.

4.ПОВРЗЕТЕ ГО ЧИТАЊЕТО СО РЕАЛНИОТ ЖИВОТ

Помогнете му на вашето дете да го примени тоа што го чита во секојдневниот живот. Поврзувањето на книгите и личното искуство на вашето дете може да го зголеми неговиот интерес за читањето.

5.ЧУВАЈТЕ ДОМА МАТЕРИЈАЛИ ЗА ЧИТАЊЕ

Олеснете му го на вашето дете пристапот до книги и други материјали за читање во домот. Ова ќе им помогне да разберат дека читањето не се случува само дома – може да се чита било каде.

6.ПОСЕТЕТЕ ЈА ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА

Со помош на членска карта за библиотека може многу лесно читањето да се претвори во забава. Искористете го моментот на големиот избор на книги кои ги има во вашата локална јавна библиотека со тоа што ќе му дозволите на вашето дете само да си избере книга која ќе му го привлече вниманието.

7.РАЗГОВАРАЈТЕ ЗА ТОА ШТО ВАШЕТО ДЕТЕ ГО ЧИТА

Откако вашето дете ќе заврши со читањето на книга, разговарајте за тоа што го прочитало и кој е неговиот/нејзиниот омилен дел. Ова ќе ги подобри вештините за разбирање на вашето дете и ќе го претвори читањето во фамилијарна активност.

8.ИЗЛОЖЕТЕ ГО ВАШЕТО ДЕТЕ НА РАЗЛИЧНИ ЛИТЕРАТУРНИ ЖАНРОВИ

Најдете книга што ќе го заинтересира вашето дете. Истражувајте различни жанрови како мистерија, научна фантастика, стрипови и друго. Колку повеќе ќе биде детето заинтересирано за темата, со толку поголема возбуда ќе сака да чита!

9.ПОДДРЖЕТЕ ГО ВАШЕТО ДЕТЕ

Ако вашето дете има потешкотии при читањето и се фрустрира, навратете се на почеток и откријте каде е проблемот. Разговарајте со неговиот/нејзиниот учител и запознајте го со проблемот што е можно поскоро.

10.ЧИТАЈТЕ СЕКОЈА ВЕЧЕР

Нека читањето стане дел од секојдневната рутина пред легнување на вашето дете. Ова исто така ќе му помогне на читањето да гледа и како на релаксација.

Читањето би требало да биде забавно, а не фрустрирачко!

Искористете ги овие совети за да го заинтересирате вашето дете за читањето со што тој/таа ќе бидат и подобри ученици. Со малку фокус и насочување, ќе помогнете вашето дете да го добие потребниот поттик за читање.

Постојат многу забавни начини како да се заинтересираат децата за читање и раскажување приказни, дознај повеќе на овој линк

_____________________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476