Македонија
 

Како да кажете “Не” на Вашето дете без да го употребите зборот “Не”

Понекогаш чувствувате дека единствениот збор кој го користите е “не”, правејќи Ве вас големо чудовиште пред вашите деца. Иако тоа го кажувате за нивно добро, дали навистина Вашите деца Ве разбираат? Постои ли подобар и поефективен начин за да им кажете “не”?
Причини да го избегнете зборот “Не”
Зборот “не” (најчесто кажан во брзање и кога сме зафатени) е брз одговор, користен за да ги заштити, насочи и научи децата на одредени (дури опасни) ситуации. Можеби и не сте свесни колку често го употребувате во текот на еден ден, така?

no
Всушност зборот “не” без објаснување или позитивни асоцијации може да остави низа од проблематични ефекти, оставајќи ги вашите деца збунети, лути, фрустрирани па дури и со негативна настроеност кон светот. Постојат многу причини поради кои е потребно да го избегнете или ограничете користењето на зборот “не”:

• Ако често го користите, тогаш зборот “не” го губи своето значење и влијание и веднаш ќе биде асоцијација за лоши постапки – што значи дека или ќе биде комплетно игнорирано од Вашите деца, или ќе предизвика бурни реакции.

• Кажувајќи “не” поставувате предизвик. Некои деца го толкуваат “НЕ” како одлична шанса да го направат спротивното. Ова често го прават од љубопитност. Ако не Ве разбрале зошто сте им кажале “НЕ” тогаш ќе направат се’ за да разберат.

• Но, избегнувајќи директно кажување “НЕ”, може да ги направи децата по оптимисти. Децата учат како да се однесуваат преку примери од луѓе кои ги опкружуваат. Па така, ако им пружите алтернативни и позитивни начини да ги согледуваат тие “НЕ” ситуации, ќе ги охрабрите да имаат и други опции кога ќе се соочат со животни проблеми, спречувајќи фрустрации, стрес и агресивно однесување.
Постојат и други одговори
Тоа не значи дека треба да кажете “Да” без разлика на се. Постојат алтернативни начини да го решите “НЕ” проблемот без целосна негативност – само треба да погледнете на ситуацијата од друга перспектива за да го избегнете целиот “НЕ” процес.

• Понудете избори – Во ситуации каде обично кажувате “НЕ” на Вашето дете, веднаш ги елиминирате сите опции. Наместо тоа, обидете се да понудите позитивни алтернативи на детето. На пример, кога следниот пат ќе Ве прашаат : “Moже ли да играм на компјутерот?” понудете друга опција: “Дали би сакал да ми помогнеш да направам торта или да играме игра ? Што би сакал повеќе?” Нудејќи повеќе опции, на детето му давате моќ и независност во ситуацијата.

• Објаснете зошто “не” и дадете позитивни објаснувања – Во ситуации каде навистина нема друга алтернатива, секогаш се обидувајте да дадете објаснување. Ако успеете да го натерате детето да разбере зошто не е по негово, има многу по мали шанси да реагира лошо. Па, ако кажете “НЕ” за посетување на паркот сега, можеби е добро да објасните дека баба му ќе дојде на гости, па ќе одиме подоцна. Ако причината за употреба на зборот НЕ е опомена – “Те молам не оди блиску до фурнатa” – секогаш дадете објаснување, за детето да ја разбере опасноста и да ја задоволи својата љубопитност. Објаснувајќи го тоа можеби изгледа тешко, би требало да му покажете – “Oуу, топло, не допирај!”- но без тоа, вие само ја разгорувате нивната “НЕ” љубопитност.

• Употребете чувства и причини – Помалите деца тешко би ги разбрале причините – а справувањето со деца до 3 годишна возраст, можеби е една од најтешките задачи на светот. Ако Вашите објаснувања не бидат разбрани, обидете се да користите чувства и примери за да објасните, наместо само да кажете НЕ или ПРЕСТАНИ: “Ме болат ушите и ме правиш тажна кога се дереш. Покажи/кажи ми што не е во ред и ќе се потрудам да ти помогнам.” За ова можеби треба повеќе време, но е одличен начин да го развите чувството за разбирање и плус како додатен бонус го имате охрабрувањето за развивање речник.
Се разбира дека е во ред да користите “НЕ” кога е необходно. Само не дозволувајте тоа да Ви стане навика, обидете се да не го асоцирате со гнев и негативност- “НЕ” не мора секогаш да биде лош збор! Запомнете, тонот на гласот и изразот можат да кажат многу повеќе од самите зборови, и се многу поефективни од викањето.

Видете колку многу алтернативи може да најдете. Кои се одговорите кои можете да им ги дадете на Вашите деца за да ги наведете на мислат и да ги разберат работите од Ваша преспектива?

Дознајте како ние со помош на Хелен Дорон методологијата успеваме да ги мотивираме, охрабриме и насочиме нашите ученици без да го користиме зборот “не” на нашите часови, на овој линк.

_______________________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 070 323 525
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476