Македонија
 

КАКО ДА ГО ЗАНИМАВАТЕ ДЕТЕТО СО МИНИМАЛНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ТЕХНОЛОГИЈА

Сите знаеме дека претераната изложеност на децата пред екраните е многу штетна и тоа не само за помалите деца и бебињата, туку и за повозрасните деца. Не постои родител кој би сакал да му наштети на своето дете, меѓутоа не смее ни да се запостави штетното влијание на технологијата врз целокупниот развој на детето.
Тогаш зашто толку многу мали деца се изложуваат на технологија? Одговорот е едноставен- Затоа што родителите се истоштени!
Грижењето за децата ни одзема неверојатно многу време, внимание, трпение и секако, енергија. Сосема е нормално кај секој родител да се јави желбата за неколку минутки одмор, неколку минутки да земеш воздух или едноставно да посакаш барем за момент да бидеш сам во тоалет. Во овие моменти, секогаш бараме спас во телевизорот, таблетот или компјутерот. Тоа е единственото нешто кое може да го одвлече вниманието на детето од вас.

get

За наша среќа, постои и друг начин со кој може да го ангажирате детето во детска игра, без притоа да му вклучите било каков уред. –Самостојна игра!
Под самостојна игра се подразбира моментот кога детето ќе си одбере игра, книга или едукативно помагало и ќе започне самото да се занимава, без да побара ваша помош. Всушност секое дете може да започне самостојна игра, меѓутоа не секогаш треба да значи дека токму вашето дете ќе започне да си игра и да се занимава самостојно. Во тој случај, вашата помош и поттик ќе бидат многу важни а во прилог следуваат и начини како да поттикнете самостојна игра кај вашето дете. Кога детето ќе започне со самостојна игра, тоа значи дека ќе има помалку барања од Вас и вие може само да го набљудувате и да уживате во Ваште 5 минути. Какво олеснување, нели?
Меѓутоа, самостојната игра не претставува само олеснување за родителот, туку и помага во развојот на децата изградувајќи ги нивните емоционални и социјални вештини и секако градење на самодоверба, зголемување на креативноста, самодисциплинирање и развивање на способности за самостојно решавање на проблематики и изнаоѓање решенија. Со претераното гледање на телевизија детето никогаш нема да може да ги развие сите овие вештини. Напротив, телевизијата ја убива самостојната игра и детскиот инстинкт за истражување и задоволување на својата љубопитност. Претераното гледање телевизија може да предизвика проблеми со вниманието и колку повеќе гледаат телевизија, толку е помала веројатноста дека било кое дете би седнало и би играло самостојно.
За среќа, самостојното играње е веќе испробана тактика која е успешна и функционира во многу семејства. Единственото нешто што треба да направите е да го поттикнете вашето дете да биде посамостојно, а со тоа и поуспешно! Како да го направите тоа?
Исклучете го телевизорот!
Како што веќе напоменавме, телевизорот ја убива детската желба за игра, истражување и спознавање. Со тоа што ќе го исклучите телевизорот, ќе го направите и првиот чекор кон самостојната игра. Во зависност од годините на вашето дете, сами одлучете дали наеднаш ќе го примените овај метод или ќе започнете пополека да го одвикнувате детето од телевизија. Како и да одлучите, ќе функционира!

Колку телевизија е доволно за секое дете?
Секако дека не постојат строги ограничување во врска со тоа колку телевизија е доволно, меѓутоа според Здружението на педијатри во САД би изгледало вака:
1.   0-18 месеци- целосно да се избегнува било какво изложување на технологија
2.   18 месеци до 2 години- може да се вклучат некои едукативни материјали, меѓутоа минимално и строго ограничено
3.   2-5 години- не повеќе од еден час во денот
4.   5 години и нагоре- да се ограничи времето поминато пред телевизија и да не се претерува

Создатете сигурна и безопасна околина за своето дете!
Не мора да значи дека ако ја одберете најскапата детска соба дека ќе биде и најфункионална. Напротив, кога станува збор за создавање детско катче, парите не играат некоја голема улога, колку што значи креативноста и снаодливоста.
Безбедонста пред се – мора да се уверите дека просторот обезбеден за детето е 100% заштитен од било каква закана или опасност. Доколку планирате да го оставите детето само со својата имагинација, тогаш мора да внимавате на острите краеви, штекери за струја, кабли, опасни мали делчиња од играчки или било што кое може да го загрози здравјето на вашето дете.
Добро организирајте го просторот – за да може да ја поттикнете креативноста и имагинацијата на детето, мора да му направите се да му биде достапно и дофатно. Нередот може да предизвика нервоза кај децата, па затоа би било добро да го одржувате овај простор што подобро. Чувајте ги играчките во корпи, на полици, во мали кутии или било каде ви текне. Важно е да бидат чисти и средени.
Направи баланс– доколку детето има преголем избор на играчки или книги, тогаш би можело да се почуствува пренатрупано. Затоа, доколку сакате да најдете некоја златна средина, складирајте ги играчките и ротирајте ги на една недела- на овај начин детето ќе се занимава со различни играчки без да биде затрупано во нив.
Користете детски мебел – детскиот мебел одлично ќе се вклопи во самостојната игра. Децата кои седат на столчиња кои се нивна големина се чувствуваат посигурни и пофокусирани. Меѓутоа не станува збор само за големината, туку и за нивната безбедност. Доколку седат на мали столчиња, не мора да се грижите дека ќе паднат во секој момент или дека ќе се повредат.
Внимателно избирајте ги играчките – кога ќе одлучувате дали да задржете или да исфрлите одредена играчка, запамтете дека што попросто, тоа подобро.
Одбирајте играчки кои ја разгоруваат детската имагинација наместо играчки кои прават преголема врева и бучава. За мир во куќата, извадете ги батериите од сите батериски играчки. Што попасивна и попроста е играчката, толку ќе биде поголема активноста и имагинацијата кај вашето дете. Во тие мигови, детето ќе започне со неговата мисија на откривање и запознавање, нешто што би можело да трае со часови и часови.
Всушност, игрите кои се користат на часовите во Хелен Дорон центрите низ Македонија вклучуваат играчки кои ја поттикнуваат детската имагинација. Без разлика дали станува збор за пластелин, ориз, гравчиња, сложувалки или едноставно играње продавница или готвење, Хелен Дорон поддржува и охрабрува користење на прости и достапни материјали со цел да се постигне одличен резултат.

Како да ја одржите детската самостојна игра?
Набљудувајте го вашето дете при неговата игра. На овај начин ќе научите какви играчки да му купувате или со кои материјали да се служите во иднина, меѓутоа со цел оваа игра да стане секојдневие и пракса, мора дополнително да се воздржите и да ги применувате следните совети:

Воздржете се од помагање– Дозволете му на детето да се помачи малку. Се разбира дека се мисли на слатки маки кои подоцна во животот ќе го научат на важни лекции. Не мора веднаш да му покажете на детето како да ги користи играчките и материјалите, оставете ги да ја искористат својата имагинација и да истражуваат.

Не ги прекинувајте– За децата, самостојната игра е нешто многу сериозно. Кога истражуваат, децата го сфаќаат тоа како откривање богатство, затоа не им сме потребни ние возрасните.

Верувајте им– Дозволете им на децата да бидат лидери во нивната игра. Може да си играат со било која играчка, кога сакаат, како сакаат и колку сакаат. Во ред е доколку детето поминува предолго време со една играчка, но во ред е и кога поминува премалку време со некоја играчка. Во било кој случај, не е толку битна играчката, колку што е важна приказната која што детето си ја формира во својата глава. Во меѓувреме, може да си направите едно добро кафе и да ги прелистате списанијата бидејќи вашето дете повеќе не се занимава со вас туку се занимава со самото себе.

На истиот принцип, Хелен Дорон наставничките ги охрабруваат и мотивираат децата да бидат самостојни. Наставничката на час има минимален удел во тоа што се случува внатре, меѓутоа децата се тие кои ја креираат магијата во училницата. Сега и вие би можеле да го направите вашиот дом магично катче каде што главниот волшебник ќе биде вашето дете.

________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991                                                                                                                                                    Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476