Македонија
 

Како вашето дете да научи да учи

Колку порано, толку подобро – од сосема поинаков агол

Целта на секоја квалиетена рана едукација е да се научи детскиот мозок како да учи, како да размислува и да наоѓа решениа за даден проблем од една страна, а од друга страна да се развие емоционално стабилна личност со квалитетни комуникациски вештини. Сето тоа се постигнува преку едукација која е насочена кон развој на животни вештини кај децата.

knowlage

 

Дебатата околу правилниот начин на едуцирање на малите деца главно се темели врз следниве две опции: Слободна игра наспроти строго академско изучување на факти (што е всушност програмата која е најчесто одбирана во градинките и игрите често се занемаруваат). Разликата помеѓу академските и интелектуалните цели е нешто на кое треба да обрнеме внимание за да сфатиме како всушност е  најпогодно да се врши едукацијата во раното детство.

Лилиан Г. Катц е универзитетска професорка која се занимава со оваа проблематика и има напишано истражување на оваа тема. Таа работи во Универзитетот во Илиноис каде што е дел од тимот на Clearinghouse, на одделот за рана едукација и родителство. Таа е исто така поранешен претседател на Меѓународното Здружение за Едукација на Најмалите и првиот претседател на Здружението за Едукација на Мали деца во Илиноис. Таа е уредник на онлајн списанието Early Childhood Research & Practice, каде што се разработуваат теми од обаста на полилингвалноста и билингвалноста и е автор на повеќе од 100 објавени трудови за раната едукација, образованието на професорите, детски развој и родителство.

Во нејзиното истражување, објавено од непрофитната организација Defending the Early Years, Катц вели дека освен слободна игра и прецизното учење на факти, постои и друга многу важна компонента на образованието и тоа важи за сите возрасти. Таа компонента е широкиот спектар на искуства, можности, материјали и контекст кои ќе го поттикнуваат критичкото мислење, ќе вршат стимулација на мозокот и чувствата и ќе бидат во правилен сооднос со детските вродени способности и интелектулна предиспозиција. Како што може да се забележи од самиот наслов на нејзиното истражување, таа ја прави разликата помеѓу акдемските (теоретски, апстрактни) цели и интелектуалните цели кои се очекуваат да се постигнат од нашите деца. Што е всушност разликата? Еве го нејзиниот став во врска со ова:

 Академски цели

Кога велам академски цели, мислам на совладувањето на сите оние строго определени елементи и информации кои сами по себе не прават некоја целина, туку претставуваат еден вид на предзнаење кое е дизајнирано да ги подготви децата за првите училишни средби со пишувањето и сметањето. Овие информации се учат напамет и нивната природа се состои во погрешен и точен одговор, не поттикнуваат разбирање и размислување туку давање на одговор кој учителот го очекува од ученикот. Самиот збор “aкадемско” значи “без особена практична намена”. Фактите кои се учат се важни составни компоненти на читањето, пишувањето и други образовни достигнувања кои се потребни за модерните, развиени економски ориентирани средини и секако од огромна корист за подоцнежните години. Со други зборови, проблемот не е во тоа дали академското знаење има значење, туку се работи за тоа кога истото има значење и во која доза и на кој начин треба да се воведе како дел од образованието на малите деца.

uci

Интелектулни цели

Интелектуалните цели и активностите кои се поврзани со нив, од друга страна, се оние чија што цел е да го оживеат мозокот во вистинската смисла на зборот  (рационализација, предвидување, анализа и поставување прашања) и исто така ова вклучува развивање на естетскиот и моралниот сензибилитет. Официјалната дефиниција за интлектот вклучува поставување хипотези, поставување прашања, предвидување на нивниот одговор, развој и анализа на идеи кои ја потикнуваат потрагата по разбирање на проблемот. Правилен програм за децата на мала возраст е оној кој се фокусира на развојот на интелектот и вродените позитивни диспозиции, притоа не занемарувајќи го академското знаење, но тоа академско знаење мора да се совладува во правилен контекст кој како примарна цел ги има интелектуалните способности кои природно ја будат способноста за меморирање на факти, наспроти “сувото”меморизирањето на факти без сето тоа да биде подмачкано со претходен и истовремен интелектуален развој.  Истражувањата покажуваат дека кај децата се јавува природна потреба за совладување на академски вештини (пишување, читање и сметање) само ако претходно биле стимулирани интелектуално и сами имаат направено откритија низ кои се раѓа силна желба за споделување на знаењето со други луѓе и оттука доаѓа природната желба за совладување на писменоста како алатка за размена на информации. Корисно е кога работиме со деца да имаме предвид дека сите имаат вродени интелектуални способности, но тие способности може да варираат во интензитет и да бидат различни кај секое дете. Формалното образование дава краткотрајни резултати кои се тестираат со писмени/усни тестови, но неформалното образование гради интерактиви вештини и го развива интелекот чиј тест претставува самиот живот на човекот.

Кат исто така вели дека паролата “порано е подобро” не е секогаш поздравена од мнозинството невролози, но тоа не треба да ја запре нашата истрага која се темели на вистината која е најповолна за децата, а тоа е дека само преку усвојување на социјалните, емоционалните и интелекталните вештини, правилно може да се усвојуваат понатамошните академските вештини.

Таа исто така посочува дека интектуалните вештини на малите деца можат да бидат намалени или оштетени од прераното и неправилно воведување во формалното образование  – А што е задачата на образувачите, ако не да ги препознаваат, негуваат и дополнуваат вродените вештини на децата?

HDD

Helen Doron едукацијата на децата е насочена токму кон развој и стимулација  на интелетуалните способности кај децата. Преку овој уникатен метод се оди кон развивање на вештини кои понатаму ќе му помогнат на детето полесно да учи во формалното образование, но и ќе му помогнат да го искористи својот мозочен потенцијал, да развие комуникациски и социјални вештини, како и да изгради самодоверба и самопочит. Сето тоа се врши преку специјално дизајнирани техники и активности, направени на ниво на игра, интересни и мотивирачки за децата, кои им нудат стимулирачки искуства на децата, поттикнување да размислуваат креативно, да наоѓаат логички решенија и меѓу себе да комуницираат. Целата комуникација се одвиваа исклучиво на англиски јазик со што се создава англиски говорна средина во која се стимулира природната способност на децата да го апсорбираат јазикот. Така децата го научуваат англискиот јазик како мајчин јазик. Овие билингвални деца имаат побрз мозочен развој и покажуваат подобри резултати понатаму во академското образование.

Наша препорака

Овозможете им на вашите деца секојдневие полно со животни искуства. И не штедете ги! Подарете им бескрајна игра, потикнете им ја фантазијата, гответе заедно, шетајте во природа, спортувајте заедно, запознајте нови луѓе заедно. Не чувајте ги во стаклено ѕвоно! Дозволете им да згрешат и од тоа да научат како е исправно. Вештините кои ќе ги стекнат во текот на детството ќе им овозможат полесно и поквалитетно одговорат на предизвиците кои им следат понатаму во животот.

 

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 10 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас:

Helen Doron Aerodrom – 078 219498
Helen Doron Karpos – 070 323 525
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Kisela Voda – 070 306 297
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476
Helen Doron Radovis – 075 236 220