Македонија
 

Како бебињата и малите деца го учат јазикот?

Helen_BLOG3

Хелен Дорон одговара: Дали децата можат да научат втор јазик пред тие вооппшто да го научат сопствениот мајчин јазик?

 

Многу деца растат слушајќи три до четири јазици. Мојот внук е совршен пример : неговата мајка му зборува на нејзиниот мајчин кореански јазик, а татко му му зборува еврејски, додека детето расте во англиска средина бидејќи мајка му и татко му зборуваат меѓу себе на англиски јазик и јас се разбира му зборувам на англиски јазик. Тоа значи дека мојот внук расте со три јазика. На неодамнешно патување до Тајланд кога тој имаше само три месеци, тој го слушаше тајландскиот јазик како се зборува и одлично реагираше на истиот. Дали го разбираше? Не сум сигурна. И на петмесечна возраст се разбира дека детето не зборува сеуште, но очигледно е дека истото разбира и ќе ви објаснам зошто.

baby word

ИНПУТ = АУТПУТ

Она што го знаеме за јазикот е дека разбирањето доаѓа пред зборувањето ( продукција ).  Најпрвин децата треба да го слушаат , апсорбираат јазикот и потоа евентуално да ги разбираат звуците и конечно да почнат со зборување. Таков е редоследот кај децата. Тоа е сосема нормално, а родителите можеби ќе мислат дека нивните деца не разбираат ништо само затоа што не зборуваат. Што се случува во таква ситуација? Родителите не им зборуваат на децата и истите имаат помалку јазик да разберат и последично децата ќе зборуваат помалку. Инпут = аутпут.

Истражувањето покажува дека децата кои зборуваат од порана возраст имаат пообемен вокабулар. Не е изненадувачки дека нивните родители им зборувале повеќе. Жално е дека сум сретнала интелигентни и образовани луѓе кои не им зборуваат на нивните мали деца. Тие викаат „ Која е поентата? Децата сеуште не зборуваат.“ Се разбира дека нема да зборуваат кога никој не им зборува.

Мојот петмесечен внук се обидува да каже „ Аба “ што значи татко. Тој вика „ Ах.. “ и во тој момент знам дека се обидува да зборува. Тој изговара „ Ах…б…“. Тоа  не е само обично испуштање звук, туку е првата продукција на говор. Буквата Б е билабијален звук во кој воздухот се испушта преку усните со вибрација на гласните жици. Ова е спротивно на П што е идентично освен вибрацијата на гласните жици. Тоа е разликата меѓу П и Б, дали гласните жици вибрираат или не. Продукцијата на говор бара контрола на дијафрагмата и дишењето затоа што се испушта воздух. Постојат мал број на јазици со звуци кои бараат да се внесе воздух внатре. За мојот внук да каже „ уммаах “ или на корејски мајка, ќе мора да ја изговори буквата М која е звук од носот и бара да се испушта воздух преку носот. Како назален звук исто така бара да се стесни усната празнина и да се испушти воздухот низ носниот отвор, нешто кое согласно развојот е сеуште невозможно.

И еве сме, петмесечно бебе очигледно се обидува да каже Аба. Не беше случајно. Пробавме и со други зборови но немаше одговор, но кога кажав Аба, тој почна да изговара бидејќи му го зборувавме цело време. Нон стоп. Тој го слушна зборот аба илјада пати, следствено, тој зборува повеќе.

Во денешно време децата имаат други способности и тенденции. Возраста на прозборување варира. Ако детето не зборува тоа не значи дека е помалку паметно. Некои деца не се ни обидуваат да зборуваат додека не го изговараат зборот совршено. Тоа можеби е нивната пррода. Не постои друго апсолутно правило освен инпут = аутпут.

Тогаш, зошто е добро децата да почнат да учат англиски јазик пред да го зборуваат својот мајчин јазик?

Затоа што тие ќе ги разбираат и зборуваат двата јазика во исто време. Многу е значајно да имаат и втор јазик на мала возраст. Англиски јазик се разбира повеќе од другите, заради интернационалното значење на истиот. Тој е јазикот на бизнисот, политиката и комункацијата. Генерално, зошто е значајно да имаат најмалку уште еден јазик? Важно е да се има повеќе од еден јазик заради мозочните функции. Ќе го објаснам ова на повеќе начини.

Се е до мозокот
Мозокот на децата почнува да расте од моментот кога ќе бидат зачнати. Кога детето се раѓа, истото е мозочно поврзано за дишење, гледање и евентуално за фокусирање на погледот. Освен ова, детето има илјадници па и милиони и милијарди мозочни клетки кои сеуште не се поврзани. Не може да се направи ништо со неповрзана мозочна клетка, нема траекторија. Се е до поврзувањето. Тогаш, како се поврзуваат мозочните клетки? – Преку стимули. Благодарение на стимулите, мозочните клетки почнуваат да се поврзуваат. Тие сакаат да се поврзат и тоа им е целта. Иако повеќето нема да се поврзат, сепак колку повеќе стимули им даваме, толку поповрзани истите ќе бидат. Еднаш откако ќе се поврзат, тие ќе останат поврзани доживотно. Раните конекции траат. Никогаш не можеш да бидеш премлад за да учиш.
Јазикот е многу комплицирана функција. Било кој калкулатор може да ги изведе најсложените математички функции, но не постои компјутер на светот кој може да произведе флуентен човечки јазик само затоа што човечкиот јазик е многу комплициран. Се започнува со звуци, чиста фонетика. Децата се раѓаат со способноста да апсорбираат, да употребуваат и да препознаваат звуци. Почнувајќи од 4-месечна возраст, тие се способни да ги класифицират звуците на нивниот мајчин јазик и тогаш настанува фонологија, шема на звуци и како звуците се организирани во системи.
Мозокот на децата продолжува да ги оформува овие врски до седум годишна возраст. Високо почитуваното истражување од Johnson and Newport потврдува дека постои критично време за рано изучување на јазикот. Истражувањетото од 1989 година за граматичката способност на докторанти и пост-докторанти студенти кои имигрирале од Кина или Кореа во САД на возраст кога биле од 3-39, покажува дека тие кои се населиле на возраст од 3-7 години ја владееле граматиката како мајчин јазик. Тие кои се населиле на возраст од 8-10 не биле толку добри во граматика, но сепак биле подобри од оние кои дошле на + 11 годишна возраст. Изучувањето на нивниот втор јазик било пралелно со начинот на кој возрасните учат.

reasher

Порано е Подобро

Тогаш, доколку критичниот прозор е помеѓу 3-7 години, зошто да чи учиме децата пред да почнат да го зборуваат својот мајчин јазик. Зошто да не чекаме додека не наполнат три години? Учењето му помага многу на мозокот. Како што ние учиме на нашиот мајчин јазик 1000 зборови годишно во просек, додека наполниме 20 години ќе имаме акумулирано многу вокабулар и раст на мозокот. Различните јазици имаат различни психолошки реалности. Децата почнуваат да ги организираат простите звуци ( фонетика ) во психолошки реалности ( фонологија ) од моментот кога ќе наполнат 4 месеци. Заради ова е толку значајно детето да почне да се запознава со еден јазик, а и со втор јазик.

Јазикот е толку комплексен и испреплетен. Јазикот содржи морфологија – како зборовите се структуирани, синтакса – како реченицата е организирана, фонетика – звукот на говорот, фонологија – шемите на звук, семантика – различни нивоа на значење и акцент. Само англискиот јазик има илјадници акценти. Сите тие различни јазици се организирани во различни звуци и овие звуци се менуваат и се движат и имаат различни реалности. Јазикот е фасцинантен само по себе.
Додека комплексноста е тешка за возрасните, за децата е лесна и е како игра. Децата по правило треба да учат континуирано, особено јазици.

ПРЕДНОСТИ

Дали е во ред децата да изучуваат англиски јазик пред да почнат да го зборуваат мајчиниот јазик? Најновите истражувања потврдуваат дека е повеќе од добро, тоа е едно од најпаметните работи кои еден родител може да направи за свое дете. Колку повеќе јазици детето знае, толку е истото пофлексибилно и поинтелигентно. Истражувањата покажуваат дека билингвалците а уште повеќе мултилингвалците заболуваат помалку од Алцхајмер и деменција. Од социјален аспект, билингвализмот создава повеќе толеранција кон културна отвореност, а ова е многу важно во овој интернационален свет. Лонгитудиналните истражувања покажуваат дека децата кои биле запишани во билингвални градинки, имале поголем успех на факултет. Не постои нешто поважно од втор јазик на рана возраст.
Родителите мораат да размислуваат како да го оптимизираат развојот на децата на возраст од 3-7 години. Децата брзо се здосадуваат. Среќно дете е дете кое учи. Дете кое се движи е дете кое учи. Ја создадов и развив образовни програми каде што учењето мна рана возраст се базира целосно на движење, игра и песна. Градинките и школите кои ги држат седнати децата позади клупи, без доволно простор за играње, користат начин на кој возрасните учат, а не децата. Кога си возрасен, мозокот е поразвиен, интелектуален и фокусиран. Потребно е да се преиспита фактот дека начинот на кој возрасните учат не може да биде истиот на кој децата ќе учат.

Децата учат преку движење и забава. Сите материјали на Хелен Дорон се создадени така што децата ќе движат и учат и апсорбираат и слушаат преку повторуван позадински материјал за слушање. Овој материјал го имитира начинот на кој децата го учат мајчиниот јазик. Тие го слушаат јазикот повторно и повторно. Дури и да не зборуваат сеуште, тие слушаат и процесираат.

Родителите со бебиња треба да веруваат дека нивното дете разбира. Не прашувајте „ Како е возможно тие да разбираат? “ – Факт е дека разбираат. Родителите зборуваат родителски и имаат вродена способност да природно им го вбризгат јазикот на децата, потенцирајќи некои зборови или звуци. Говорете им на вашиот мајчин јазик. Затоа што начинот на кој вие зборувате е важен за нив. Треба да се поврзате со нив емоционално преку мајчиниот јазик.

Ако постои друга личност во живото на детето која зборува друг јазик, истата треба да се охрабрува да му зборува на детето на тој јазик, колку може поконзистентно. Децата можат и треба да учат втор јазик, бидејќи вашето дете ќе биде на пат да стекне бројни можности и да научи многу други нови нешта.

video

ЗА ХЕЛЕН ДОРОН

Хелен започна мал домашен бизнис во 1985 година и создаде уникатна методологија со оригинални и револуционерни материјали за учење. Курсевите на ХД напреднаа и бизнисот порасна брзо со тоа што Хелен почна да ангажира учители, тренинг курсеви и дополнителни програми базирани на нејзината ексклузивна методологија на креативност и самоизразување. Беа додадени нови дисциплини како математика, фитнес и детски развој и сите тие беа обединети под името Хелен Дорон Образовна Групација.

ХДОГ стои на врвот со иновативен образовен систем обезбедувајќи ексклузивни образовни програми и квалитетни истражувачки материјали за бебиња, деца, адолесценти и тинејџери низ целиот свет. ХДОГ стана еден од најголемите франшизи за детска едукација во светот, со речиси 90 Мастер Франшизери и повеќе од 800 Центри за учење во 34 земји, на 5 континенти и целодневни градинки во Турција и Јужна Кореа.

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 10 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodrom – 078 219498
Helen Doron Karpos – 070 323 525
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Kisela Voda – 070 306 297
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476
Helen Doron Radovis – 075 236 220

www.helendoron.mk