Македонија
 

Интервју со проф. Кирил Барбареев – Едукацијата е клучна за развојот на личноста на детето

Тимот на Хелен Дорон Македонија, ја имаше честа да поразговара со  Проф. д-р Кирил Барбареев, професор на Факултетот за образовни науки и проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кој вооедно е и еден од најактивните професори во промоцијата на квалитетното образование како еден од најважните елементи за развојот на едно дете.

 

kiril-barbareev

Во својата кариера имате истражувано и пишувано научни трудови за образованието, наставниот кадар. Кои квалитети треба да ги има еден добар наставник?

Кирил Б: „Подучувањето во училницата е живот за себе“. Добар наставник е оној кој го сакаат учениците. И тоа не може да се скрие.  Наставникот кој го сакате е оној кој ве гледа, кој е тука со вас in vivo. Не само да забележува туку суштински да го види секој ученик, секое дете, а тоа не можете ако немате љубов кон професијата.

Лично сметам дека учителот се раѓа, и во некои работи не може да се научи, но може да се поттикнува. Може да се  стекне со подобри професионални вештини, со методи, техники, стратегии, со подобар систем на оценување. Добриот учител се фокусира на индивидуалноста, односно како да го извлечеш најдоброто од секој поединец. Затоа вистинскиот учител во секој момент инспирира. Всушност, целта е трансформација на мозокот во ум, свест, личност.

Изминативе години се случуваа многу промени во основното образование. Се воведуваа нови програми, екстерни тестирања, па се укинуваа… Од денешна перспектива – до каде сме стасани со промените и што е тоа што допрва треба да се смени за да се приближиме до земјите кои имаат квалитетни образовни системи?

Кирил Б: За жал веќе подолго време зборувам и пишувам дека се нема визија за современ воспитно-образовен систем. Промените се многу бавни и без некоја сериозна концепција. Потребен е систем кој ќе ги мотивира наставниците. Потребна е нова образовна парадигма, потребна е училишна методологија која од учителот ќе бара да ги препознае и инспирира учениците. Ни требаат учители кои имаат жар. Ни требаат нови услови за престој на децата, ни требаат едносменски училишта, ни требаат лаборатории,  објекти за спорт и култура.

 Колку како родител веројатно ви е многу важен квалитетот на образование кој го добиваат вашите деца и верувам пред да изберете било каква активност поврзана со нивната едукација, посветувате големо внимание на изборот. Што ви е најважно?

Кирил Б: Секое растение најдобро расте само. Имам либерален став за секој избор на моето дете. Оставам тој да ја почувствува разликата. Но, сакам да разговарам за изборот кој го прави. Да го развива и формира карактерот и да има став за нештата кои ги прави. Да биде свесен за одговорноста и последиците од секоја активност. Најважно ми  е да научи дека ништо „на сила“ не треба да прави.

 Веќе четири години вашето дете е ученик во Хелен Дорон Штип. Што е тоа што го препознавте како уникатно и квалитетно во Хелен Дорон методот за рано изучување на англискиот јазик?

Кирил Б: Да, моето дете ја посетува програмата на Хелен Дорон и знам дека е тоа ретка активност во која сам изразува желба да ја посетува. Методот на работа е одличен. Наставниците имаат сензитивен пристап. Детето има почит и сака да учи од нив. Тоа е тоа што е најважно. Забележувам дека се применува мултидисциплинарен пристап и метод на работа, дека се работи на т.н. трансферзални вештини, знаења и способности. Тоа се добри работи во Хелен Дорон методологијата. Јазикот го учи преку интердисциплинарен пристап што покажува дека наставниците имаат цел и идеја за секоја активност.

Дали и што му читате на вашето дете?

Кирил Б: Да, се обидувам и многу внимавам на развивањето љубов кон читањето и генерално кон образованието. Разна уметничка и народна литература која предизвикува интерес во идејните и естетските вредности за возраста од 5-8 години. Целта ми е поттикнување на целокупниот духовен живот на детето, да ги разбуди чувствата, да предизвика мечтаење, фантазирање, морални вредности, да создаде приврзаност кон одредени уметнички ликови и продолжено „живеење“ со нив. Се трудам од читањето да создадам ритуал. Во одреден простор, во одреден период од денот (вечерните часови), со драматизација, со разговор за прочитаното и слично.

Што би им препорачале на родителите, во контекст на едукацијата на нивните деца?

Кирил Б:Едукацијата е клучна за развојот на личноста на детето. Денес постои голема разлика од генерациите кои растат со и пред дигитализацијата. Нашата генерација имаше основа во читањето, новите генерации растат со компјутеризацијата, но и учат интуитивно и нереално. Дали детето ќе го засака училиштето, образованието, странскиот јазик, книгата, зависи од многу фактори,  но најмногу од родителите кои треба да бидат патокази на децата. Затоа сериозно препорачувам да се следат програмите кои имаат сериозен пристап, како што е Хелен Дорон, која во суштина не е само програма за учење англиски јазик, туку програма за развој на целокупната личност на детето.

56899656_2045514338904978_6779339223691427840_n

УПИСИТЕ се во тек!
За повеќе информации обратете се во Хелен Дорон училишниот центар најблиску до вас:

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 070 984 435
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Veles – 075 300 304
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Gevgelija – 078 220 391
Helen Doron Strumica – 071 242476
Helen Doron Kocani – 071 314 499