Македонија
 

Изградете среќно и благодарно дете – Бесплатен вебинар за родители

Предавање на тема БЛАГОДАРАМ – бесплатен вебинар за родители со Ана Салтирова Давидовски

Хелен Дорон Македонија во соработка со Ана Салтирова Давидовска се вклучува во Кампањата за свесна промена на фокусот на мислата со јасна цел враќање на доброто расположение повторно во мода. За таа цел, Хелен Дорон Македонија организира бесплатена обука за родители, во форма на вебинар, со цел да се насочат родителите, и им се помогнеме, во борбата да изградат среќно и благодарно дете.

Helen Doron Webinar
Покрај сите работи кои ги обезбедуваме за нашите деца, топол дом, облека, храна, играчки, одмор … ние на дар им го даваме и нашиот став кон животот. А бидејќи родителството не доаѓа со упатство за употреба, оваа предавање е наменето да им биде поддршка на родителите во градење на позитевен став кон животот во воспитувањето на своите деца. Всушност ова предавање ќе ни помогне и на нас родителите да го погледнеме сопствениот живот со нови очи.

За крај …
Кога се избира стратегија за успех често се занемаруваат двата чекори, а тоа е како се чувствувам кога ја избирам стратегија за успех, првиот чекор и што зборувам додека ја избирам стратегијата за успех што е вториот чекор. Приклучете ни се заедно да си поставиме поинакви прашања како би добиле и поинкави одговори…
Ана Салтирова Давидовски е социјален работник кој има магистрирано на менаџмент на човечки ресурси, исто така е НЛП (неуролингвистичко програмирање – методологија за личен и професионален успех произлезена од истражувањата што е клучната разлика помеѓу успешните и не толку успешните луѓе и како да се премости тој јаз) тренер и коуч (според стандардите на IANLP – International Association for NLP). Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики за поотворено и побрзо справување со промените, притоа застапувајќи го холистичкиот пристап. Ужива постојано да учи нешто ново и теоријата да ја преточува во практика. Мајка е на две прекрасни дечиња (Елена и Огнен) кои во неа ја разбудија желбата за адаптирање на занењето стекнато во НЛП-едукацијата за најмладите т.е. за унапредување на комуникацијата, за свесно насочување на креативната енергија, како да учиме од успехот и да го пресликаме во сопственото искуство, како подобро да се разбереме себе си и тие што нè окружуваат се со цел да живееме среќно и исполнето и сето ова низ приказни блиски до децата, со што се впушти и во авантурата писател за деца.

Регистрирајте се на бесплатниот вебинар овде ⤵️
https://m.me/HelenDoronEarlyEnglishMacedonia?ref=blagodaram

Вебинарот ќе се одржи на 4 Септември со почеток во 19 часот, кога ќе се вклучиме во живо во нашата FB група за родители https://www.facebook.com/groups/www.helendoron.mk/