Македонија
 

Игри на имитирање – витална компонента за нормалниот детски развој

Најчесто кога помислуваме на игра, си создаваме слики од деца како  играат со    топка, се нишаат на нишалки, се лизгаат и физички ја  истражуваат нивната  средина. Но, физичките игри не се единствениот начин на играње.0fbb34c14034b0d482827ca1e10514f6

Често ги употребуваме термините божемски игри, имитативни или  имагинативни  игри (глумење приказни кои вклучуваат повеќе  перспективи  и игровна  манипулација на идеи и емоции) кои ја  рефлектираат важната  функција на  детскиот когнитивен и социјален  развој. Во последните 75  години, бројни     теоретичари и истражувачи ја  потврдија вредноста на  имитативните игри, како    витална компонента за нормалниот детски развој.

Досегашните систематски истражувања укажуваат на низа придобивки од  вклучувањето на децата во тн. божемски игри и тоа особено во периодот од  18 месеци до 7 годишна возраст. Такви придобивки, од когнитивната сфера се: подобрување и зачестување на користење на говорот, користење идно време, придавки, заменки и сл. Едни од важните концепти на Теоријата на умот (Theory of mind) се свесноста за разликите во мислењата меѓу луѓето како и постоењето различни перспективи за кои сме способни да ги заземеме. Истите овие концепти се тесно поврзани со имагинативните игри. (Jenkins & Astington, 2000; Leslie, 1987; Singer & Singer, 1990; Singer & Singer, 2005).

86e865ec6339cc480b5e00a4017891ad

Психологот Сандра Рас (Sandra Russ), идентификувала бројни когнитивни и афективни процеси поврзани со имитативните игри. Нејзиното истражување за играта, вклучува истражување на фантазијата, божемски ситуации, симболизам, организација, когнитивно поврзување на навидум различни содржини и дивергентно мислење (способност за произнесување повеќе идеи, теми и симболи). Во нејзините истражувања е пронајдено дека имитативните игри овозможуваат експресија на позитивни и негативни чувства, афективно модулирање – способност за интеграција на емоциите и когницијата. (Jent, Niec, & Baker, 2011; Seja, & Russ, 1999; Slade & Wolf, 1999).

Прегледот на истражувањата од Berk, Mann & Ogan, (2006) и Hirsh-Pasek, Golinkoff, Berk, & Singer (2009), укажува дека тн. божемските игри се претходници на формите на саморегулација, вклучувајки одлагање на задоволството, намалена агресивност, учтивост и емпатија. Кога децата користат играчки за да воведат повеќе можни сценарија или лица, перформансата на повеќе перспективи се случува природно. Заземањето повеќе улоги овозможува децата да учат социјални вештини како комуникација, решавање проблеми  и да развиваат емпатија. (Hughes, 1999).

ce5892abe1e8bb6b3336826ae8a4eb99

Важна придобивка на раните имитативни игри е подобрувањето на когнитивната флексибилност на детето и во крајна линија подобрување на неговата креативност (Russ, 2004; Singer & Singer, 2005). Рас, во лонгитудинална студија, дошла до резултати кои укажале на поврзаност меѓу раното имитативно играње и зголемени креативни перформанси во подоцнежните години (Russ, 2004; Russ, & Fiorelli,  2010).

Но, кои се условите и изворите кои промовираат рано и често имагинативно играње?

Истражувањата покажаа дека родителите кои разговараат со своите деца за природата и како и за социјални прашања, или кои им читаат приказни пред спиење, најчесто го поттикнуваат имагинативното играње (Shmukler 1981; Singer & Singer  2005).

Училишната атмосфера која го охрабрува имагинативното играње или единствено го толерира истото, се покажала како водич кон зголемена имагинативност и љубопитност како и кон учење вештини во предшколска и рана школска возраст (Ashiabi , 2007; Singer & Lythcott 2004).

Можеби идејата за вметнување имагинативни игри во редовната училишната настава каде децата би можеле да ги истражуваат бесконечните комбинации на идеи, емоции и перспективи, еден ден би била прифатлива исто како традиционална, но сеуште би ја задржала титулата за важна форма на игра.

????????????????????????????????????

 

Автор: Др. Скот Бери Кауфман (Scott Barry Kaufman Ph.D)

Преземено од: https://www.psychologytoday.com/blog/beautiful-minds/201203/the-need-pretend-play-in-child-development

Превод и обработка: Павлинка Влахова

Ние на нашите Helen Doron English часови ги користиме имитативните игри со цела да ја развиеме имагинацијата кај децата, емоционалната стабилност и препознавање на емоциите, како и за да вежбаме комуникациски и социјални вештини, а од друга страна го учиме и го вежбаме англискиот јазик.