Македонија
 

Зошто јас не би ги испратила моите деца на никое друго место…а не би требале ни Вие!

Интервју со Флоренс Гранел, мајка на 3 деца од кои двете се веќе ученици во Helen Doron English, а наскоро ќе биде и третото.

success

 

Успешната бизнисменка и супер мајка, Флоренс Гранел, чиј мајчин јазик и е францускиот, моментално живее во Винтертур, Швајцарија. Госпоѓа Гранел која живеела на различни места во светот е мултијазична и мултукултурална и има 2 сина запишени на Helen Doron English часовите. Ерван има 5 години и го посетува курсот Jump with Joey, а Антони кој има скоро 3 години, го посетува курсот Fun with Flupe. Бебето Сара наскоро ќе започне со Baby’s Best Start.

[embedyt] http://www.youtube.com/watch?v=97QcAiIjgC0[/embedyt]

 

Во Цирих, Швајцарија, во регионот каде што живее семејството Гранел има доста голема конкуренција, од областа на приватни тутори па и други часови по англиски јазик наменети за деца .Но што и помогна на Флоренс во одлуката да го избере токму Helen Doron English? “ Додека ги посетував ноќните часови по германски јазик, дознав дека една од ученичките во мојот клас всушност била Helen Doron учителка во соседниот град. Таа ми раскажа многу за Helen Doron со што многу ме заинтригира па побрзав да прочитам за истата методологија и онлајн. Прочитав за тоа како лингвистот Хелен Дорон ја заснова својата методологија врз методот на Сузуки за свирење на виолина и тоа ме фасцинира. Бев воодушевена од тоа како училиштето Хелен Дорон се прошири во толку многу земји во светот и импресионирана од тоа како тие креираа нешто толку поразлично и успешно. Па така, иако мојот син имаше само 3 години, јас одлучив да истражувам на таа тема и понатаму.

Набргу потоа, во центарот за дневен престој на мојот син се запиша ново дете кое беше од Велика Британија. Тие станаа добри другарчиња но без заеднички јазик. Еден ден, Ерван дојде дома  и ми рече, “Мамо јас сакам да научам англиски за да можам да разговарам со моето ново другарче.  За да можам да си играм со него, морам да зборувам англиски јазик.”

Дознав дека во Винтертур има Хелен Дорон Центар и си помислив “Kаква неверојатна среќа имаме”. Не размислив двапати и веднаш го запишав во центарот. Првите неколку часови ги посетив и јас заедно со него и бев крајно импресионирана од методот на работа; фактот дека децата активно се движат за време на часот…тоа не е класичен начин на предавање- тоа е начин на учење преку игра…да се учи англиски на овој начин е вистински подарок!!!”

Флоренс ни раскажува како нејзините две деца се успешни на часовите по англиски јазик Helen Doron English и како таа е многу задоволна од истоимената методологија. “ Веќе поминаа речиси две и пол години откако мојот син Ерван побара да учи англиски јазик. Кога мојот втор син Антони виде колку неговиот постар брат ужива на часовите и бескрајно се забавува, тој инсистираше да го запишам и него иако имаше само 2 години. И двајцата ја обожаваат музиката, анимираните филмови, самите часови и цедеата кои ги слушаат дома – за нив се тоа е само игра и забава. Сега имам и едногодишна ќерка, Сара, која во најскоро време ќе стане ученик на Helen Doron. Таа заедно со мене присуствува на часовите на мојот помлад син и гледа колку мнoгу тие се забавуват, толку што дури не се ни свесни дека учат друг јазик.”

Флоренс продолжи да го анализира и образложува брзиот развој на англискиот јазик кај нејзините деца. “ Според детските сфаќања се се сведува на игра, а не на учење. Тие изучуваат огромно фонд на зборови и она што е навистина неверојатно е што всушност ја учат и граматиката на јазикот, без притоа да бидат свесни за тоа. На пример вчера, Ерван ја пребара целата куќа барајќи играчка која никако не можеше да ја пронајде. Кога конечно ја најде, тој дојде кај мене и неговиот татко и ни рече на англиски ( инаку ние дома зборуваме само француски ), “ Си ја пронајдов играчката ! (I have found my toy! ) Јас си помислив, “каква совршена употреба на минато време!”

Тој толку многу ужива во зборувањето на англискиот јазик што понекогаш така ни зборува и нам, иако ние отсекогаш сме зборувале со него исклучиво на француски. Гордата мајка ни објаснува како и двете нејзини деца, а и останатите деца од нвниот мал Helen Doron клас го совладуваат англискиот јазик на така природен и лесен начин. “ Тие зборуваат на природен начин со совршен акцент и совршена граматика без притоа да вложат нималку напор за тоа.”

Таа исто така коментираше и за високото ниво на квалитет кој го поседуваат учителите, “ За мене е многу важно и тоа што учителите се специјално обучени, а и постојано мораат да учат и да посетуваат обука за секој курс посебно. Нивните дипломи за секој различен курс можат да се видат на ѕидовите на училиштето. Начинот на кој учителите се обучени е одличен, не само во поглед на методологијата туку и за секој нареден курс така што тие навистина се запознаваат со зададениот материјал од секој нареден курс. Навистина можеме да се запознаеме со учителите и тие да ни раскажат за се што се прави на часовите.

Честопати родителите на учениците од Helen Doron изјавуваат како нивните деца се подобруваат и во другите предмети во училиштето, како и во другите јазици кои ги учат. Флоренс увидела дека нејзиниот син Ерван, покрај англискиот јазик  е одличен и на некои други, нови полиња. “Ерван оди во градинка и учи во Хелен Дорон веќе 2 години. Ние живееме во држава каде што се зборува германскиот јазик, а во неговата градинка се зборува француски и германски. Покрај сето тоа тој сега побара да учи и шпански. Благодарение на методологијата на Хелен Дорон кај него се развива желба и подготвеност и за други јазици. Колку повеќе јазици учи, толку повеќе неврони ќе се развијат во неговиот мозок, па подоцна тој ќе биде подобар и во математиката како и во некои други предмети. За се што ќе посака да направи, светот ќе му биде отворен на дланка.

Според повеќето родители, одлуката да го запишат своето дете во Хелен Дорон се должи на фактот што Хелен Дорон е интернационална компанија со 900 едукативни центри и повеќе од 30 години искуство. Флоренс го дели истото мислење, “ Разгледував различни варијанти и методи,  вклучувајќи и приватен тутор, но кога прочитав се за Хелен Дорон онланјн како и благодарение на летоците кои ги добив од градинката бев многу возбудена. Ми требаше малку време да го убедам сопругот бидејќи тој не беше сосема сигурен, но беше целосно импресиониран кога дозна колку е развиен Хелен Дорон методот, со Хелен Дорон центри лоцирани насекаде околу светот, веќе повеќе од 30 години.

Флоренс има неколку совети за оние родители кои ја разгледуваат можноста да го испратат своето дете на часовите Helen Doron English. “ Пред се,  прочитајте онлајн колку што можете повеќе за методологијата на Хелен Дорон, која е лингвист, и нејзиниот тим за развој. Ќе наидете на многу инспирирачки и интересни информации.

Потоа, присуствувајте на бесплатниот демо час каде можете да видите како сето тоа функционира : структурата на часот, како децата се забавуваат за време на часот и сл. Ако некој е скептичен поради тоа или воопшто не е запознаен со методот, ова е совршен начин со сопствените очи да се уверите како се функционира.

Флоренс ни раскажа подетално и за пишаните материјали кои се користат на часовите “ Книгите со вежби се со висока квалитетна вредност и полни со одлични приказни наменети според соодветната возраст на децата. Едукативните материјали се развиени на високо ниво според секоја возрасна група и многу ми се допаѓа тоа што книгите вклучуваат лекции за рециклирање, како да се грижиме за околината, здрава исхрана и други важни теми. Музиката е одлична, а цедеата многу добро изработени.

Јас го обожавам Хелен Дорон и не постојат доволно добри зборови со кои можам да се изразам за учителите. Тие се толку многу посветени и моите синови обожаваат да присуствуваат на часовите. Би сакала да се заблагодарам на Хелен Дорон Винтертур што ни ја пружи оваа шанса.