Македонија
 

Зошто е важно образованието од најрана возраст?

IMG_0870_2
Раното детство е клучниот период кога детето треба да почне да учи, бидејќи тогаш се развива неговиот мозок и се подготвува за учењето кое го очекува во текот на животот. Нештата кои детето ќе ги научи во овој период играат важна улога во неговиот правилен развој.

Тоа учи преку истражување на околината и следење што прават другите луѓе во неговиот секојдневен живот. Во текот на раното детство, детето најдобро истражува и учи низ игра.
Едукацијата во раното детство типично се фокусира на пет аспекти: когнитивен, јазичен, социјално-емотивен и моторички во кој спаѓаат фината и целокупната моторика. Едукаторите за мали деца се професионално обучени за да го следат и поттикнуваат раниот развој на вештините кај децата и знаат како на соодветен начин да пристапат ако се сомневаат во евентуален застој.
Како и да е, сите деца не се развиваат исто и можно е некои да не ги постигнат очекуваните резултати во исто време како и нивните врсници. Ако тоа се случи (како на пример да не може слободно да црта со молив, самостојно да шутира топка) учителот ќе понуди соодветни екстра активности кои ќе му помогнат на детето да се избори со проблемот и да ја совлада пречката. Едукаторите знаат точно да проценат која е временската рамка во која треба да чекаат пред да почнат со дополнителни активности.
Детето никогаш не е премногу мало за да почне со учење. Едукацијата од рана возраст е позитивна бидејќи мозокот кај бебињата и малите деца забрзано расте и се развива, па е совршено време да се почне со едуцирање на нивните мали мозочиња.