Македонија
 

ЗОШТО ДЕЦАТА ТРЕБА ДА ЧИТААТ СТРИПОВИ

Стриповите и филмовите со суперхерои направија бум последниве неколку години. Се чини дека секој нов филм со суперхерои што се емитува е поголем хит од претходниот. Без разлика дали е од Марвел или ДЦ, секој е блокбастер. Одмазниците ( The Avengers), Лига на правдата (Justice league), Бетмен (Batman), Железен човек (Ironman)или Тор(Thor) се само неколку од популарните стрипови и филмови. Не е чудно што децата сакаат да читаат за карактерите за кои гледаат на телевизискиот екран.
Овие факти покренуваат прашања кај некои родители. Дали нивните деца воопшто треба да читаат стрипови? Поради некои причини, читањето на стрипови често има лоша репутација. Стриповите се гледаат како подстандардна форма на читање, но двајца фанови на стрипови кои читале стрипови како деца и како возрасни личности се всушност луѓе кои се познати како одлични изведувачи. Елвис Присли и Дин Мартин читале стрипови дури и одкако станале познати. Фактички, одлуката на Елвис да ја обои неговата коса црна делимично се должи на фактот дека карактерот Капетан Марвел ја имал истата боја на коса. Денес е модерно да се читаат стрипови. Сите го прават тоа.

Comic-Smith-600x300
Родителите не би требало да бидат загрижени доколку нивните деца читаат стрипови. Со самото тоа што тие се забавуваат додека читаат ќе станат подобри читачи. Дополнително, на многу деца кои го учат англискиот како втор јазик му се дава како задача да читаат стрипови. Сликите кои се додаваат, го прават учењето на содржината на приказната многу полесно. Истотака тие читаат за карактери со кои веќе се запознати и нема да бидат засрамени со тоа што му се доделува да читаат книга за мали деца. Стриповите се одлични текстови за читање кога учите странски јазик.
Повеќето стрипови не користат зборови кои се тешки за разбирање. Ова е совршено за децата кои немаат толку голем вокабулар. Така да, ако сте родител и сте загрижени за тоа што вашето дете чита стрипови, престанете да се грижите бидејќи децата ќе се забавуваат со овие приказни. Зачувајте ги вашите грижи за нешта кои го заслужуваат вашето внимание.

_______________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodrom – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476