fbpx
 
 
Македонија
 

Зголемете ја самодовербата кај вашето дете

Позитивно чувство за себе е еден од најголемите подароци што може да му го дадете на вашето дете. Децата со висока самодоверба се чувствуваат сакани и компетентни и се развиваат во среќни, продуктивни луѓе. За да помогнете во изградбата на поголема самодоверба кај вашето дете, додека расте, откријте што смеете да правите, а што не.

На децата дајте им избор
Давањето избор на деца, во разумен опсег на опции избрани од вас, ги прави да се чувствуваат способни и сигурни. На пример, за појадок може да му понудите на вашето дете избор помеѓу јајца или палачинки. Учењето да прави едноставни избори додека е мало, ќе помогне да го подготвите вашето дете за потешките избори со кои ќе се соочува кога ќе порасне.

Не правете сè за него
Бидете трпеливи и оставете го само да ги заврши своите обврски. На пример, може да биде побрзо и полесно да го облекувате вашето дете, но дозволете му тоа само да го направи. На тој начин го учите на нови вештини, а покрај тоа колку повеќе нови предизвици исполнува, детето ќе се чувствива покомпетентно и самоуверено.

Нека знае дека никој не е совршен
И објаснете му дека никој не го очекува тоа од него. Начинот на кој реагирате на грешките и разочарувањата на вашето дете го креира начинот на кој тоа ќе реагира.

Не давајте неискрени пофалби
Децата се мајстори во откривање на неискрени пофалби или неосновани комплименти. Пофалувајте го вашето дете често, но бидете специфични за вашите комплименти за да вашите зборови не звучат празни. На пример, наместо да реагирате на најновиот цртеж на вашето дете со „Леле, тоа е супер. Ти си најдобриот уметник во светот“, пробајте вака „Навистина ми се допаѓа како го нацрта целото семејство. Дури си ја нацртал/а и брадата на тато “.

Доделувајте домашни работни обврски соодветно на возраста
Дајте им на децата одговорност за задачи, како што се поставување на масата, шетање на кучето или фрлање на ѓубрето. На тој начин децата се чувствуваат компетнтни и ги зајакнуваат своите вештини за решавање проблеми.
Не правете споредби помеѓу вашите деца
Ако имате повеќе деца, наместо да ги споредувате, ценете ја индивидуалноста на секое од нив.

Не им давајте погрдни имиња и не користете сарказми
Колку и да сте налутени или нервозни од некоја постапка на вашето дете, никогаш не омаловажувајте ги неговите чувства. Кога ќе се налутите, направете кратка пауза за да не кажете нешто за што подоцна ќе зажалите. И имајте на ум, можете да не ви се допаѓаат постапките на детето, но детето не смее да сфати дека тоа не ви се допаѓа, односно не го сакате такво какво што е. Бидете сигурни да му ја покажете разликата меѓу тие две работи.

Поминете време сами со вашето дете
Без разлика дали тоа е кратко време за појадок, возење со велосипед, обидете се да најдете време кое ќе го поминете сами вие двајца, барем еднаш неделно. Ова е одлична можност да разговарате за тоа што го мачи, што размислува и да ја зацврстите меѓусебната врска.