Македонија
 

Еден поинаков Halloween

45668732_522195384916148_9075807474644156416_n

Halloween, вечерта кога сите се маскираат и подготвуваат за забавни игри и активности, во Хелен Дорон Центар го одбележавме на еден поинаков начин – изработка на ракотворби од рециклирани материјали.
Работилниците се одвиваа на посебно испланирани часови, откако децата претходно ги запознавме со што е тоа рециклирање и колку истото придонесува за зачувување на животната средина.
За изработките децата требаше од дома да препознаат и донесат материјали кои можат да се рециклираат, односно по нивната употреба повторно да се искористат со преработување.
Идеите за изработки беа многу, а нашите ученици дознаа дека -од празни тетрапак амбалажи може да се изработат куќички за птици, од шишарки – лампиони, пластичните шишиња можат да се претворат во прекрасни висечки украси, а од капачињата да се украси рамка или да се изработи венче за на врата. Разните празни кутии се претворија во голем робот.

На крај подготвивме изложба која сосема спонтано се претвори во хуманитарен настан со кој преку продажба на изработките собравме парични средства кои ги дониравме за лекувањето на Сара Настеска од Охрид.

45464875_248044392557688_7830341768544518144_n 45478338_184221145832460_4315070358580363264_n 45482568_271212493423320_4575878068626784256_n 45494868_1727097340750588_4158754920763228160_n 45501846_1101803360001802_5565253231556165632_n 45509225_188150022105551_420277998910963712_n 45548035_2098892033505135_668637420559794176_n 45549810_187145712166762_3023426817676541952_n 45568487_1698156763623687_1539922547879968768_n 45582319_297482871091543_9162364530381029376_n 45600070_553637301715898_6666520298365386752_n45585607_187576465457992_6524989443651141632_n45668732_522195384916148_9075807474644156416_n45657493_491568438023490_1706033818256801792_n