Македонија
 

ДУРИ И НАУКАТА СЕ СОГЛАСУВА – ВИЕ БУКВАЛНО НЕ МОЖЕТЕ ДА РАЗГАЛИТЕ БЕБЕ

“Зарем никогаш не го испушташ бебето од раце?”

“Зарем нема да го разгалиш?”

“Почни да го учиш како само да се смири пред да биде премногу доцна.”

Да, овие работи всушност ми беа мене кажани кога моите бебиња беа новороденчиња. Не, не беа дури ни неколку месеци стари. Кога беа малечки бебенца штотуку родени, ми пристапуваа странци, членови од семејството – и да, дури и доктори – и ме прашуваа зарем нема да ги разгалам моите бебиња ако ги држам во раце цело време.

Кога се навраќам на тој период, знам колку апсурдни биле тие изјави. Моите момчиња се сега 4 и 9 години стари, и пролетуваат покрај мене толку брзо што морам да ги молам да ми седнат во скут и да се погалиме како што тоа го правевме изминатите години. Во тој период, сепак, не знаев дека моите бебиња на крај ќе бидат целосно независни, па критиката навистина ме иритираше.

Untitled design (7)

Работата е дека, држењето во раце на моите бебиња 24 часа на ден, како што јас правев не беше баш и прашање на избор. Беше потреба. Ако ги спуштев, плачеа на цел глас. Можеби можев да ги оставм да си плачат, и можеби ќе се научеа да се смират некако сами, но секој нерв во моето тело ми кажуваше дека ако бебето ми плаче, треба да го земам во раце. И јас ги следев своите инстинкти, и покрај фактот дека понекогаш бев осудувана и прекорувана со поглед.

На крајот се покажа дека бев апсолутно во право. Бебињата навистина имаат потреба да бидат во раце секогаш кога се вознемирени – и не само затоа што се слатки и мили и косата прекрасно им мириса. Се покажа дека постојат еден тон истражувања кои го поддржуваат тврдењето дека вие буквално не можете да разгалите бебе. Всушност, држењето на бебињата во раце е од витално значење за нивното здравје и развој.

Неодамна беше објавена студија во Педијатрија која ги проучува ефектите од директниот контакт преку кожа кај предвремено родените бебиња. Беа разгледувани долгорочно, не само моменталните ефекти од допирот преку кожа кај предвремено родените во првите недели од раѓањето, туку и како тоа се одразува кај овие бебиња и следните 20 години.

Предвремено родените бебиња кои беа изложени на таков контакт имаа повисока интелигенција, значително поголема сива материја во мозокот, па дури и имаа подобро платена работа од оние кои не го искусиле тој контакт. Ваквите деца исто така имале помала склоност кон хиперактивност и агресивност на училиште и помалку отсуствувале од настава.

Секако, оваа студија ги земала во предвид посебно предвремено родените бебиња, кои се особено ранливи и имаат потреба од нежност, љубов и грижа. Но и студиите за  навремено родените бебиња покажале слични резултати. Оваа студија од 2012 од Записникот за испитувањата на бременост и породувања од страна на Кохран (Cochrane Pregnancy and Childbirth Group’s Trials Register ) покажала дека и навремено родените бебиња кои го искусиле директниот контакт преку кожа во првите денови после раѓањето имале подобра кардио-респираторна стабилност, повисока стапка на доење и помалку плачеле.

И не само првите моменти по раѓањето. Едноставниот чин на гушкање на бебето има значително позитивни ефекти долго време и после раѓањето. Постара, но подеднакво релевантна студија од Педијатрија покажала дека гушкањето на бебињата има огромно влијание на тоа колку се бебињата задоволени па дури и на способноста да се хранат често. Не само тоа, држењето во раце на бебето во значителен дел од денот ги намалува симптомите на вознемиреност и грчеви кои го достигнуваат својот врв на 6 недели старост.

Сакате уште? Гушкањето на бебето за време на болни медицински процедури како вакцини и земање на крв од пета значително ја намалува болката која ја доживува бебето, според значајна бројка на испитани по ова прашање. Директниот допир преку кожа исто така има во голема мера влијание на способноста на бебето да се дои добро, а и без разлика на начинот на исхрана, гушкањето на бебињата апсолутно е од огромна помош за родителите да се поврзат со своето бебе и да воспостават длабока  трајна приврзаност.

Ако сте помалку опседнати со науката и сакате да го испитате ова уште подетално, проверете го овој неверојатен натпис, оригинално издаден во списанието Записи за  нега на новороденчиња и бебиња (Newborn and Infant Nursing Reviews), од доктор Рајлен Филипс (Raylene Phillips), консултант за доење. Д-р Филипс објаснува дека мозокот на бебињата е во критична фаза од развојот во тие неколку први месеци и не е сé уште целосно формиран, па каква нега ќе искусат бебињата во тој период е од основно значење во однос на оптималниот мозочен развој.

” Амигдалоидниот комплекс во мозокот е во критичен период на созревање во првите 2 месеци после раѓањето,” пишува Д-р Филипс. “Амигдалоидниот комплекс се наоѓа длабоко во центарот на мозокот и е дел од лимбичкиот систем кој е вклучен во емоционалното учење, прилагодување на меморијата, и активирањето на симпатичкиот дел од нервниот систем. Директниот допир преку кожа го активира амигдалоидниот комплекс преку префронталниот – орбитален пат и со тоа допринесува за созревање на оваа витална мозочна структура. “

Ух! Тоа беше прилично многу, нели? И можам уште да продолжам на оваа тема, бидејќи се покажа дека има изобилие од научно поткрепени податоци кои докажуваат дека апсолутно е невозможно да се разгали едно бебе. Нема шанси. Всушност, скоро сите истражувања посочуваат на фактот дека доколку не го гушкате доволно вашето бебе може да доведе до негативни последици во однос на здравјето и развојот.

Јас дури и посакувам да можев да се вратам назад во времето и да им ги претставам сите овие податоци на луѓето кои ме критикуваа што ги држам децата во раце или што ги држам врзани за мене во кенгур 24/7.  Но да бидеме искрени, прилично сум сигурна дека бев како повеќето нови мајки – премногу уморна и истоштена за да имам сила да се докажувам и да истражувам.

За среќа, повеќето мајки имаат доволно силни инстинкти и не им е потребно истражување кое ќе им каже дека нивното бебе треба да е во нивната прегратка, и дека идејата за разгалување на бебето е еден куп глупости. Но ако ви требаат било какви податоци за да го докажете ова, верувајте ми, постојат факти – и секој ден ги има се повеќе. Или пак секогаш можете пред било кој што ќе ве критикува, да го покажете вашето намуртено лице, да си го грабнете детето и да побегнете. И тоа одлично функционира.

________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476