Македонија
 

Дечињата од ХД Центар од срце даруваа

15767ce54230f01ceec546d70aa02207234a46d072f303600a829c4784442351_full
Хуманитарниот Велигденски базар кој започна од едноставна идеја, годинава да бидеме поинакви за настаните со кои го одбележуваме Велигден заврши успешно. Радоста и возбудата на дечињата да направат што поубави креации и да ги даруваат на базарот каде ќе се продаваат по симболични цени, беа огромни.
Детската креативност нема крај, а кога на тоа ќе се додадат љубовта и желбата да се помогне некому, тогаш тоа создава вистински уметнички ремек дела и тоа од евтини материјали кои можата се рециклираат – картонски кутии, пластични чаши, хартиени чинии, хартија во боја, пластични лажици, пластични јајца…
Подеднаква беше и радоста на родителите кои воодушевено ја поддржаа идејата и заедно со дечињата учествуваа во базарот. Сите пристигнати ракотворби се продаваа по симболични цени и на крајот сите заедно собравме 14.300 денари кои се уплатени за помош на Александар Додевски неговата сестричка кои боледуваат од цироза на црниот дроб и им е потребно лекување во странство кое чини 100.000 евра.
Едно огромно БЛАГОДАРАМ за нашите вредни и хумани дечиња и нивните родители кои подеднакво придонесоа да имаме успешна акција.

87bf9a35bba682db32ad2d07db04e59abdc3b42774eae0c1a2c07ab328a5b7e9_full

76389e0d2d3056cd57d38930adf7d15bad5feb048acef43e71e178223728a812_full

811417eabdee6ebe58d50ef9ccdcbb4809159e667785ab991ec49e1ac4a1770c_full

7c73d5f4366f7c5c250cce52a29a6e4084c0986f1440ee12be6746233c734b69_full

Повеќе фотографии од изработките и акцијата можете да видите на нашатa Фејсбук фан страна – Helen Doron Centar Skopje