Македонија
 

Десет генијални начини како да поттикнете љубов кон читањето кај вашите деца

Како што ги замислував моите деца со совршени манири, како ангели кои се однесуваат безгрешно, исто така си замислував дека ќе сакаат книги како што сакав јас кога бев дете. Замислував како мојот син ќе ужива во Харди момчињата и Хари Потер. А дека моите ќерки ќе се заљубат во Џуди Блум, Беверли Клири и серијата Клуб на беби-ситерки. Но како и повеќето мои мајчински фантазии и оваа не се оствари така како што посакував.

Ми се чини дека ова не е невообичаено. „Сакаме нашите деца да читаат, но тие се под постојан притисок да го прават тоа и тој притисок може да ја засени радоста што ја дава оваа активност“ вели Ненси Карлсон – Пејџ, експерт за детски развој, професор на Универзитетот Лесли, на Кембриџ, Масачусетс, и исто така автор на Како да го вратиме детството. Секако, дел од она што прави да уживаме во читањето е и способноста да го правиме тоа самоуверено. Сепак, „родителите не треба ги притискаат децата да научат да читаат или да им ги објаснуваат опсесивно правилата како се чита“ кажува д-р Карлсон- Пејџ. „Тие едноставно треба да читаат со своите деца – и ништо повеќе.“ Со други зборови, нека биде лесно и забавно. Книгите треба да предизвикуваат смеа и насмевки, да ве однесат во непознати земји и да ве претворат во витези кои победуваат змејови, да направаат да ги понесете сите емоции патем. „Ако се однесуваме со книгите како да се тие магични и децата ќе пораснат верувајќи во тоа.“, вели Шана Шварц, основач на проектот Читање и пишување на Универзитетот Колумбија во Њу Јорк.

Untitled design (12)

Започнете со овие идеи кои се одобрени од експерти и многу мајки, а магијата ќе се случи сама по себе.

1.Бидете пример кој учи на љубов кон читањето

„Децата учат од возрасните“, вели Шварц. „Ако растеш опкружен со брза храна, ќе сакаш брза храна. Ако растеш опкружен со книги, ќе сакаш книги.“ Анет Увена, мајка на двајца безволни читачи, често ја споделува својата радост: „Се трудам да ме забележат дека читам, но исто така им зборувам за книгата. Секогаш со возбуда им посочувам нешто што ме потсетува на приказната, затоа што сакам да видат дека книгите ме радуваат и дека може да ги радуваат и нив.“

2.Направете тематско катче за читање

Тивко и удобно катче полно книги е нешто што мора да го направите. „Децата обожаваат тврдини, па дури и само ќебе префрлено преку две столчиња може да го постигне саканиот ефект.“, вели Кристина Дроскоски, специјалист за читање за деца на школска возраст и исто така мајка на три деца. „Но ако читате со вашите деца во простор каде што тие сакаат да седат, времето за читање ќе биде уште попривлечно.“ На пример простор кој наликува на плажа, со крпи на подот, чадор за сонце потпрен на ѕидот, постер од океанот и кофички за на плажа каде што ќе ги ставите книгите. Или други примери како: пиратски ковчег, џунгла, вселенски брод и слично.

3.Читајте ја книгата, па гледајте го филмот

Одберете од екранизираните класици – Алиса во земјата на чудата, Снежана, Принцезата и гоблинот – и читајте ги заедно, по неколку поглавја одеднаш. Кога ќе ја завршите книгата, организирајте семејна филмска вечер и гледајте го филмот направен според таа книга. „Ова е одличен начин да ги мотивирате безволните читачи“, вели Кети Вакаро, учителка и мајка на две деца.

4.Ставете книги насекаде

„Ако ги опкружите децата со книги од најрана возраст, ќе направите да ги засакаат“, вели Алис Стерлинг Хониг, експерт за детски развој на Универзитетот Саракуза, во Њу Јорк. Наредете една кошница за секоја сезона – тие ќе бидат возбудени поради новите наслови и ако се поврзани со она што се случува во тој месец тоа ќе го зголеми нивниот интерес. Нема празник набрзо? Ставете во библиотеката теми кои во моментот го интересираат вашето дете. Оставете ги наоколу (дури и на подот во автомобилот!) и тие ќе ги земат. „Не чувајте ги книгите на полици“, вели д-р Хониг. „Дозволете им на малите деца да ги допрат, да ги носат наоколу, дури земете водоотпорни книги за во бањата.“

5.Читајте им на глас – дури и ако немаат потреба од тоа

„Читањето на глас е едукативна и социјална активност, има повеќе слоеви на вредност“, вели д-р Карлсон- Пејџ. Дополнително, децата најдобро учат да читаат – и сакаат да читаат најмногу – ако чуле безброј приказни низ годините во контекст кој има значење за нив (замислете гушкање во скутот на родителот). Слушањето исто така е одмор за читачот. Д-р Карлсон  – Пејџ ги сака К. С. Луис, Е. Б. Бајт и Роалд Дал како избор на книги за читање на глас. GuysRead.com, особено за момчиња и  ReadingRockets.org  се одлични страни со селекција на книги по возраст и интерес.

6.Направете ги посетите во библиотека мали авантури

Советувајте се со библиотекарите – тие знаат како да го направат читањето едно магично искуство за децата. Проверете на приемното биро пред да почнете со разгледување по полиците да видите дали се предвидени настани во наредниот период. Следете ги и онлајн за да знаете кога организираат следни настани. „Дури и ако ги однесете вашите деца таму за да завршат некој проект, тие ќе ја поврзуваат библиотеката со нешто забавно, и тоа е добро“, вели Дроскоски. И земете посебна членска карта за секое од вашите деца. „Ќе им помогне да добијат чувство дека се сопственици на тоа посебно искуство – читањето“, додава таа.

7.Читајте им ги повторно и повторно истите книги на малечките

Книгите помагаат да напредува раниот детски развој. На почеток, децата ги забележуваат сликите; потоа учат да ги вртат страниците; потоа сфаќаат дека тоа е истата приказна секој пат – и сите овие се вештини кои го подготвуваат за читање. Книгите со рими се особено корисни: „Римувањето помага за формирање фонетска база – препознавање на повторливоста и звуците“, вели д-р Карлсон – Пејџ. „Децата сакаат рими затоа што учат што следи понатаму и го рецитираат.“ Еве неколку наслови на англиски приказни со кои можете да почнете:

Brown Bear, Brown Bear, What Do You See? Bill Martin, Jr.

The Pout-Pout Fish – Deborah Diesen

Is Your Mama a Llama? – Deborah Guarino

How Do Dinosaurs Say Goodnight? – Jane Yolen

8.Поставувајте прашања

Ова поттикнува разбирање на приказните – и задоволство. (Не е забавно ако не сфаќаат за што се зборува во приказната.) „Не се работи за испрашување, туку за вклучување во текот на приказната“, вели д-р Карлсон – Пејџ. Прашајте го кои ликови најмногу му се допаѓаат, што мисли дека следно ќе се случи, што би направило тоа самото ако е во таа ситуација. „Ако се фокусирате премногу на букви и звуци наместо на самата приказна, им ја намалувата шансата на децата да станат добри читачи“, објаснува таа. „Ако сте добар читач, читате брзо – не гледате во секоја буква посебно, туку трагате по нивното значење, и токму тоа го придвижува процесот на читање.“

9.Излезете од границите

Купете му на вашето постаро дете ламба за на глава, за да можат да останат подоцна кога е време за спиење. Тоа ќе им го засили чувството дека читањето е привилегија  – и ќе се чувствуваат повозрасни.

10.Дајте им го подарокот кој ќе ги поттикне да продолжат да читаат

Кога вашите роднини и пријатели ќе ве прашуваат што да им купат на децата за роденден, предложете книги! Нека подаруваат книги и вашите деца на нивните другарчиња, со посвета која ќе му каже на оној што го добива подарокот зошто таа книга е одбрана за него. „Така го учите вашето дете дека книгите се еден начин да се поврзат со другите“, вели Шварц.

Постојат седум митови за читањето, дознајте како да ги срушите и надминете и заедно со своите деца влезете во магичниот свет на книгите, на овој линк.

_______________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476