Македонија
 

ДЕВЕТ ЗАБАВНИ НАЧИНИ ДА СЕ ЗАИНТЕРЕСИРААТ ДЕЦАТА ЗА ЧИТАЊЕТО И РАСКАЖУВАЊЕТО ПРИКАЗНИ

Да се привлече детското внимание и интерес кон читањето понекогаш знае да биде тешко, но тоа е многу важно.Toa можеме да го направиме дури и на начини на кои не сме ни помислиле. Читањето и раскажувањето приказни се од основно значење за зачувување на културниот идентитет, за развој на здрав мозок и за негување на љубопитноста кај младите. Во следниот извадок од “Мамалех знае најдобро: Што прават Мајките еврејки за да израснат успешни, креативни, емпатични, независни деца, авторот Марџори Ингал нуди едноставна методологија за тоа како децата да се заинтересираат за раскажувањето приказни и како да им помогнеме да си го пронајдат своето омилено место за читање.

Untitled Design (2)

1. Раскажувањето приказни не значи само читање! Слушајте снимки и радио емисии како “Ноќната пеперутка”. Пуштајте им аудио книги во автомобилот. Прераскажувајте им народни приказни, бајки, урбани легенди, семејни традиции. Секогаш кога ќе раскажувате или читате приказна, вклучете го детето во процесот со поставување прашања за ликовите или содржината, прашања на кои детето нема да може да одговори со да или не.

2. Ако вашето дете не сака да чита, не откажувајте се. Не сте ја пронашле вистинската книга. Истражете различни жанрови на книги, поезија, сликовити романи, книги со записи за светот и необични факти, профили на претседатели и спортски херои, научна фантастика со шокантна содржина. Посоветувајте се со некој добар наставник или библиотекар. Ако вашето дете има попреченост во учењето или едноставно не сака само да чита. читајте му на глас, раскажувајте му приказни и слушајте аудио книги заедно сé додека тоа ви го дозволува.

3. Не можете да погрешите со забавен пристап. За помали деца, книгите со рими се одлични, може да погодуваат на секоја рима, па има прикриена неизвесност. Не срамете се кога читате на глас, користете акцент. Правете драмски паузи. Менувајте го тонот на гласот, повишувајте го и снижувајте го со цел да постигнете наративна динамика. Засмевајте ги децата. Моите деца многу сакаа кога плачев на крајот на “Пајажината на Климентина или “Г-ѓа Кац и Туш. Ќе се погледнеа со кикотење, веројатно помислувајќи си, – кутрата мама, го изгубила паметот.

4. Посветете време на читањето. Тоа нека ви биде ритуал. Имајте дел од денот токму за тоа. Ако вашето дете не е од оние кои можат да седат на едно место, дури и 15 минути читање во денот е подобро отколку воопшто да не се чита. И повторно: Можеби не сте ја избрале вистинската книга.

5. Дозволете му на децата сами да си изберат книга. Никогаш не сум им рекла на моите деца дека не им е дозволено да читаат нешто. Тоа го научив од мојата прекрасна мајка, која ме гледаше како ја читам книгата “Засекогаш од Џуди Блум на куќна забава кога имав само 9 години. Возрасните и замеруваа што ми дозволува да читам нешто толку неприлично, но таа им одговараше во стилот “Ако има нешто нејасно, ќе ме праша за тоа”. Тоа беше важна лекција за мене, и сега кога јас сум родител, сум применила забрани само пред заспивање на децата, и тоа само еднаш или два пати. Бидејќи кога (мојата ќерка) Џоси се исплаши, таа доби хистеричен напад и не сакаше да спие со денови и сите бевме преморени. (Еден совет во овој контекст: Дозволете им на вашите деца да ја читаат “Вештерките од Роалд Дал само преку ден.) А доколку вашето дете чита книги кои не ги одобрувате – од типот на шовинистички стрипови или сиромашни романтични книги за вампири, најлошото нешто што можете да го направите е да им забраните да го читаат тоа што го сакаат. Разговарајте со нив зошто сметате дека некои книги се со навредлива содржина ( или уште подобро дозволете му на вашето дете да ви препорача книга, прочитајте ја книгата и потоа разговарајте за неа заедно), но не срамете го детето доколку има различен вкус од вас.

6. Ограничете го влијанието од страна на врсниците. Децата читаат книги по препорака од другите деца многу почесто отколку по препорака на возрасните. Кога Џоси поминуваше низ фазата на научна фантастика и фантазија, жанр за кој јас ништо не знам, читаше книги по препорака од нејзината другарка Нора.

7. Дајте му на детето да чита книги кои ги има во повеќе делови. Можеби не се најдобрата литература, но се создава исчекување и поистоветување со ликовите кои се појавуваат во сите делови. На тој начин можете секогаш без многу размислување да ја купите следната книга во низата, што е олеснување во моменти кога паметот ви е на друго место.

8. На децата им е многу јасна изреката “прави што ти кажувам, а не тоа што јас правам”. Практикувајте го однесувањето што сакате да го видите кај вашите деца. Поканете го детето да седне покрај вас и заедно да читате. Чувајте ги книгите на видно место – во кошници, на полици, и на масичките. Јас ја натерав Џоси да ја прочита “Хари Потер – за која што знаев дека ќе и се допадне но таа упорно одбиваше да ја чита бидејќи е тврдоглава како мајка и – со тоа што ја носев на нашиот одмор, ја оставaв на масичката и ништо не и кажував.

9. Мал совет: “Две вистини и една лага”. Toa е добар начин да се натераат мрзоволните тинејџери да раскажат приказна. Пример: За време на вечерата, секој мора да раскаже три работи кои му се случиле тој ден, од кои две да се вистина а една лага. И потоа сите погодуваат која е лажната приказна. На тој начин ќе ги надмудрите и ќе извлечете некоја случка од вашите деца без да ги прашувате “Како ви помина денес денот?” И одговорот би бил “Добро.”

Дознајте повеќе за важноста на бајките во детството и причините зошто токму бајките се патот до интелигентно дете, на овој линк.

______________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 070 323 525
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476