Македонија
 

Дали вашите деца имаат доверба во вас? Дали ви веруваат? – Позитивно воспитување

Современиот воспитно –образовен процес не може да се замисли без комуникација, која мора да се одвива во две насоки: од воспитувачот/родителот кон детето и обратно. Доколку пренесувањето на пораките се одвива еднонасочно, тогаш не станува збор за комуникација туку за информирање. Комуникацијата е предуслов за ефикасно воспитно делување во семејството и надвор од него.

HDE_Spain_Photoshoot_Kids_31-03-2017_18

За да постигнеме успешна воспитна комуникација со нашите деца треба да оствариме неколку елементи: меѓусебна доверба, искреност, предизвикување на активност и социјална реверзибилност.
Довербата најчесто се врзува за чувство на сигурност . Сигурноста пак е услов за отворена комуникација. Децата се многу ранливи и психички тешко поднесуваат навреди од страна на возрасниот, а со тоа ја губат довербата во лицето кое многу им значело. Затоа како родители и воспитувачи треба да се потрудиме позитивниот,искрениот, смирен и пријатен говор да биде секојдневната комуникација со нашите деца. Од тука заклучуваме дека еден од условите за квалитетна работа со децата во семејствата и образовните установи е пријателството и меѓусебната доверба.
Никогаш, ама баш никогаш немојте да им давате лажни ветувања на вашите деца. Бидете искрени со нив дури и тогаш кога е тешко тоа да го разберат. Секогаш кога им наметнувате очекувања кои нема да ги исполните, децата ја губат довербата во вас и вашите зборови се помалку ќе бидат релевантни за нив.

Децата се сеќаваат повеќе отколку што можеме да замислиме на она што ние им го кажуваме. Зборовите што им ги кажуваме за да ги охрабриме и поттикнеме можат да останат во нивниот ум долго во текот на животот.
Затоа за да растат сигурно и среќно треба да разговараме охрабрувачки со нашите деца како на пример: те сакам, верувам во тебе, знам дека ќе се справиш со ова, ти си способно дете, твоите емоции се многу важни, ти си добар пријател, не мора секогаш да се согласуваш со она што го зборуват луѓето, не си совршен-и јас не сум, браво за тебе, многу сте вредни, ти си добро дете, дури и кога ќе направиш грешка ти си добро дете, го почитувам твоето мислење, забавно е да се праваат работите заедно, јас сум горд на вас и сл. Иако овие реченици можеби ви звучаат наивно, кажувајте ги почесто за да не го изгубат нивното значење. Стекнете доберба кај децата и не штедете се од охрабрување, верувајте дека после неколку години кога децата ќе се соочат со некој проблем, тие ќе се сетат на вашите зборови.

Ако постои доберба тогаш во светот во кој живееме ќе владее хармонија, љубовта и мирот, наспроти тоа ако ја изгубиме светот би ни бил полн со омраза , недоверба , неверување и одмазда.
Довербата претставува комуникација, соработка, заинтересираност кон тоа што се работи. Затоа да се трудиме како родители да ја стекнеме довербата на децата, да ги поттикнеме да разговараат искрено и без ограничување.

Дали сте се запрашале колку често велите: “Браво” на вашите деца. “Браво” секогаш е пожелно, и во повеќето случаи значи дека некој бил успешен во нешто.
Што им велите на своите деца ако се обиделе на постигнат нешто, вложиле напори, се погрижиле, се потрудиле а сеуште не го постигнале позитивниот резултат. Дали им велите “ништо, следниот пат”или ”обидете се повторно”. Секој позитивен фидбег е важен за успехот и напредокот- тоа значи кога велите ”Браво”велите за се што се однесува и го признавате подеднакво како постигнат успех- “браво за успешниот резултат” или “браво за долгиот тренинг”, “браво денес работеше многу трпеливо и внимателно” и сл.
На тој начин децата имаат повеќе енергија и ентузијазам, ќе бидат позитивни кон тоа што го работат и ќе веруваат во својот капацитет. Бидејќи тие ќе видаат дека нивните напори се ценети и важни.

За полесно да го развиеме позитивниот однос и да им помогнеме децата да ја стекнат нашата доверба при комуникацијата со нив најдобро е да се сетиме и на следниве неколку услови:
• применете еден-на-еден интеракција со детето,
• застанете на ниво на детето за интеракција лице-в-лице,
• обезбедете топол физички контакт,
• помогнете им на децта да ги разберат вашите очекувања,
• слушете ги децата и поттикнете да слушаат други,
• признајте и пофалете ги достигнувањата на децата и нивниот напор.
Освен што е значајна довербата во семејството исто така е многу значајна и добербата меѓу воспитувачот/ наставникот и детето, затоа што доколку детето не развие чувство за доверба уште во раната школска возраст, несомнено е дека таквиот однос ќе продолжи и во предметната, а и во понатамошните степени на школување.
Доста важен услов за обезбедување успешна воспитна комуникација е и мотивацијата на детето за творечка активност. Меѓутоа, таа мотивација е всушност резултат на мотивацијата на наставникот. Успешниот наставник ги мотивира учениците на творечка активност, внесува ведрина и хумор во текот на часот, користи современи техники и стратегии кои му помагат на детето да биде активно , да размислува, да осознава, да твори и да биде креативен.
Зборовите имаат голема сила, затоа да се потрудиме да ги употребуваме кога е соодветно и да бидеме оној позитивен модел за подржување од кој сакаме нашите деца да учаат.
И запомнете: Kаков наставник, таков ученик! Kаков родител, такво дете!

Ние преку Хелен Дорон методот ги мотивираме нашите ученици да постигнуваат резултати, да ја изградат довербата во себе и во другите, да се почитуваат себе си и другите, да бидат тимски играчи и да размислуваат креативно. Прочитајте го овој текст за да видете како ние го правиме тоа.

______________________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476