Македонија
 

Дали вашиот избор на исхрана го намалува потенцијалот на вашето дете?

НаHelen_BLOG3ше задоволство е да ви овоможиме серија од објави на овој блог низ кои може да се здобиете со знаење,учејќи од Хелен Дорон (едукатор и лингвист). Хелен се занимава со предавање на англиски јазик на деца веќе 30 години. Таа е основачот и главниот управник на Helen Doron Educational Group и има креирано уникатен метод за изучување на англискиот јазик, математика, фитнес и ран детски развој преку оригинални и револуционерни материјали.

Прашање за оваа недела: Дали вашиот избор на исхрана го намалува потенцијалот на вашето дете?
Хелен одговара: Одговорот е несомнено – Да!

Изјавата дека избалансираната исхрана е од исклучителна важност за правилниот развој на детето не е нешто ново, но и покрај тоа, родителите ширум светот не се грижат доволно за коефициентот на интелигенција (IQ) и коефициентот на емоционална интелигенција (EQ) на своето дете, иако можат да си го дозволат тоа. Огромен парадокс е тоа што токму децата во најразвиените земји не се хранат здраво, односно се недохранети бидејќи им недостига правилна исхрана која не вклучува брза храна, шеќери, сол и заситени масти.

nutri

За да се развие оптималната мозочна функција неопходна е исхрана богата со хранливи материи. Едно ново истражуување кое беше објавено во Дневникот за Епидемологија и Здравје, ја следеше исхраната на околу 4,000 деца, од нивното раѓање па се до осмата година. Истражувањето покажа дека малите деца кои јаделе храна полна со здрави хранливи материи кои доаѓаат од овошјето и зеленчукот имале повисоко IQ на 8 годишна возраст, за разлика од оние деца кои конзумирале индустриска храна полна со масти и шеќери. Храната што ја јадат малите деца има  долготраен ефект на нивната мозочна функција.

Исхраната има важна улога во развојот на мозокот, не само во раното детство, туку во сите фази за детството. Мозокот најбрзо расте и се развива во првите години од животот, но продолжува да се развива и во текот на адолесценцијата. Затоа е од огромна важност децата од сите возрасти да ги примаат овие хранливи материи во огромни количини за да се осигура адекватниот мозочен развој.

 Се започнува со доењето

Доилките кои што  конзумираат само здрава храна, преку млекото ги пренесуваат овие хранливи материи на детето, подобрувајќи го когнитивниот развој и здравјето на детето. Всушност, мајките кои здраво се хранат и вежбаат во текот на бременоста, со овој чин веќе го прават најдоброто за своето дете и му даваат прекрасен почеток. Децата кои се доени барем 6 месеци имаат значително повисок IQ од децата кои растат со помош на формула. Колку подолго детето е доено, толку повеќе ќе има правилен мозочен развој. Ова се должи на пренесувањето на ДНК материјал преку мајчиното млеко, а знаеме дека ДНКта е главната компонента на мозочните келии и мембрани. Мајчиното млеко не само што е изворот на ДНК материјалот, туку и на најважните хранливи материи кои го чуваат здравјето и го градат имуниетот и респираторниот систем.

Откако детето ќе почне да јаде цврста храна, единствената храна која е поврзана со развојот на мозокот, добра меморија и вис овошјето и зеленчукот. Коко IQ  сеај децата кои одат на училиште, очигледно е тоа дека недостатокот на витамини и минерали е поврзан со слабиот успех и намалената интелигенција.

Хранете се со виножито

Правило број 1 е јадењето на 5 до 9 видови зеленчук и овошје секој ден. Ова значи дека на децата треба да им се сервираат порции составени од овошје и зеленчук 5 до 9 пати на ден. Доколку на детето му ја полните половина од чинијата со зеленчук за време на ручекот и вечерата, ова ќе помогне да го постигнете даденото правило. Исто така, никогаш не го залажувајте или наградувајте детето со нездрава храна, колачи, бомбони и чоколади. Тоа ќе помогне детето да не развие инсулинова резистенција. Понекогаш децата се повеќе привлечени од овошјето, поради фруктозниот шеќер кој го содржи, но сепак, не се откажувајте од зеленчукот. Колку повеќе, толку подобро и колку повеќе бои вклучувате толку повеќе минерали и витамини примате.

Мозокот се појачува со антиоксиданси

Децата кои се хранат здраво овозможуваат нивниот мозок да располага со доволна количина антиоксиданси. Мозокот е најголемиот потрошувач на кислород од целото наше тело и овозможува енегрија за секој дел од телото и затоа е многу подложен на стрес кога нема доволно кислород. Овој стрес се случува кога имаме воспаление поттикнато од неконтролирани слободни радикали. Слободните радикали можат да поминат низ клетките и дури да ги уништуваат. Клетките имаат свои антиоксиданс-ензими кои ги штитат и служат за да се изборат со слободните радикали, но тие не се ефективни 100% од времето и затоа мораме да внесуваме антиоксидакси преку исхраната. Кога мозочната одбрана е пренапрегната, може да дојде до појава на нерводегенеративни боласти како што се Паркинсовата и Алцајмеровата болест. Здравата исхрана, полна со антиоксиданси е од голема полза за мозокот и затоа постои таа силна асоцијација помеѓу храната од раститено потело и високото IQ.

Омега 3 масти – Добрите масти

Омега 3 мастите се масни киселини и тие се здрави масти кои вашето тело ги добива преку храната. Овие масти се наоѓаат во голем број јаткасти плодови, семиња и зеленчуци.
Унверзитетот Maryland Medical Center укажува на тоа дека омега 3 масните киселини се високо концентрирани во мозокот; тоа докажува дека тие се од основна важност за меморијата, учењето и за однесувањето. Исто така се многу важни за развојот, растот и функционирањето на единката. За бремените жени е исклучително препорачливо да добиваат високо количество омега 3 масни киселини поради своите нерви и поради развојот на видот кај детето.

Зошто треба да се збогуваме со рафинираниот шеќер?

 Конзумирањето на рафиниран (бел) шеќер може да доведе до инсулинова резистенција. Тоа значи дека телото не е во можност да го користи хормонот инсулин за да го пренесува шеќерот или гликозата од крвта до ткивата како што треба да биде конвертиран во енергија. Оваа резистенција може да доведе до оштетување на мозочните келии. Ова се случува бидејќи на мозокот му треба голема количина глукоза за да функционира и останува без своите потребни хранливи материи ако не може да го користи инсулинот правилно. Јадењето на повеќе сложени јагленохидрати како што се целорнестата храна, зеленчукот, мешунките и овошјето, наместо храна со шеќер или процесирана индустриска храна, може да помогне во одржувањето на балансот на нивото на шеќери во крвта. Индустриските (нездрави) грицки и чоколади се маркенингшки дизајнирани да бидат неодоливи за децата. Ваша задача е во вакво светло да им ги претставувате овошјето и зеленчикот на децата и а ги оддалечувате од нездравата храна.

Храна за мозокот чиј ефект е долготраен

Исхраната и хидратацијата можат да направат голема разлика; тие се неизбежен дел од здравото и правилно учење. Нашите деца имаат потреба од сите тие “градежни материјали”: протеини, јагленохидрати и масти. Нашето потпомагање за тие да го направат правилниот избор е главниот дел од нивната едукација и благосостојба; тие ќе следат со поголемо внимание и ќе имаат поголема можност да уживаат во учењето. Здравата храна е гориво на мозокот, а нездравата исхрана значи недостаток на фокус и концентрација.

Бидете Вие примерот за вашето дете

Вашите деца е огледуваат на вас родителите и ве сметаат за нивни пример на однесување. Не е во ред нив да им нуди зеленчук, додека вие самите конзумирате нездрава храна. Приготвувајте ја храната заедно. Децата сакаат да допираат, не само да мирисаат и вкусуваат. Тие сакаат храната да биде интересна за допирање. Претставувајте им нови работи малку по малку, не одеднаш и ништо не правете преку истурање нервоза или стрес врз детето, нека биде сето тоа позитивно искуство.

Запомнете дека изборот кој го правите за себе има дирекно влијание врз децата кои во вас гледаат водичи. Но од друга страна, обидот да ги присилите на нешто може сам да резултира со омраза кон таа храна. Нека оброците бидат забавно доживување, да, ќе трае малку подолго од загревањето пица во микробранова или пукањето пуканки или одењето до сендвичара, но долготрајното дејство на грижата за правилната исхрана е можеби најважното нешто што можете да му го подарите на вашето дете.