Македонија
 

Готвиме здраво и вкусно

image-0-02-05-c6392d3ca65cb0d7847ce06ca909c483659afb8e519615e73c5125183e13ce66-v
Во Хелен Дорон Центар го означивме стартот на кампањата Smart Chef со првите работилници инспирирани од празникот Халоин. Пред да започнеме со готвење дечињата имаа кусо предавање како да го подготват приборот, овошјето и зеленчукот пред да започнат со работа.

Се разбира освен нив, чисти треба да се и рачињата кога се готви, па секој ученик кој учествуваше мораше да се измие пред да се зафати со работа.
Идеите од нашите мали шефови беа безброј. Пајачиња од суво овошје, духчиња од банани, овошни салати послужени во издлабен портокал, раженчиња од зеленчук кои можат да се јадат свежи или кратко запечени на скара како прилог со некое јадење. Салата во облик на Џек О Лантерн или Скелет од моркови, брокули, карфиол, краставици… која е одлична и за детските забави, ако се додаде малку свеж сос од павлака или топено сирење. A нинџите направени од јаболка и суво овошје беа вистински деликатес за кој дечињата рекоа дека е највкусен десерт.
А на крајот имавме и едукативни игри во кои главна тема беше здравата исхрана.
Секако празникот не може да помине без славниот Jack O Lantern, кој за нас го направија нашите највозрасни ученици од програмата Paul Ward and Treasure.
На крај, сите дечиња добија подарок  престилка Хелен Дорон, со која ќе можат дома да помагаат во кујната и да им остане облеката чиста и секако ќе ги потсетува на еден забавен и едукативен настан.

 


  • Доколку сакате да добивате поучни статии за развојот на децата, билингвализам и совети за учење јазик, внесете го вашиот email во празното поле.