fbpx
 
 
Македонија
 

Воодушевена сум од пристапот на специјално обучените и сертифицирани Хелен Дорон учители.

Тимот на Хелен Дорон беше во посета на Битола и разговараше со графичкиот дизајнер Ангела Христовска за важноста на креативниот пристап при едукацијата на децата. Ангела Христовска е мајка на две деца, Огнен (10) и Борјан (6), по професија е графички дизајнер, сопственик на креативна маркетинг агенција Eyecon media и долгогодишен член на маркетинг тимот на Божиновски часовници и накит. Креативноста е нејзин погон, а водена од оваа водилка се обидува и своите деца да ги научи на креативно размислување. Креативноста е процес во чекори… исто како и правењето на лазања,– низ шега ни вели Ангела. Не можеш тукутака да го направиш омиленото јадење на твоите деца. Се си има ред и се е ритуал. Така е и со креативноста и со учењето. Бавен но сигурен процес.

Како го развивате креативниот ум кај своите деца?
Како родители најчесто несвесно програмите што ние ги имаме ги предаваме и на своите деца. Детскиот ум е неверојатен. Честопати се изненадувам од детската логика и одлучност. Најчесто знаат што сакаат, а што не… Затоа се обидувам да не им наметнувам свое мислење. Ги оставам сами да дојдат до било какво мислење и решение. На пример моите две деца не сакаа да одат во градинка и јас ја почитував нивната волја. Но, се договоривме таа активност да ја замениме со нешто друго. Така испадна Хелен Дорон. Бев скептична дека и овој обид да посетуваме некаква установа ќе биде воопшто успешен. За чудо се покажа спротивното. Борјан кој што со свои 4 години ја посетуваше Летната школа на Хелен Дорон во претшколска возраст доаѓаше дома радосен и еуфоричен. Имаше моменти кога заради обврски некои денови не го носев и најчесто завршувавме со 1000 прашања. Зошто не оди, дали е викенд, дали другите деца отишле…просто неверојатно за мене. Тоа ме натера да се заинтересирам малку повеќе околу методите на Хелен Дорон.


Каков е вашиот впечаток за методите што ги користи Хелен Дорон?
Првиот мој впечаток е: Многу добри училишта ги учат децата на креативно мислење по принципот “Think out of box”. А кој вели дека треба да има кутија воопшто? Во Хелен Дорон мислам дека ниту размислуваат дали има кутија или не. Тоа ми се допаѓа кај нив. Во тоа можеби лежи уметноста на добрата настава. Децата учат во мали групи низ забава, добиваат позитивен фидбек од наставникот, растеретени учествуваат во активностите на групата и го слушаат јазикот во позадина.
Постои добро осмислена структура и план за сиот тој процес, а детето часот го доживува како спонтана забава.

Што би издвоиле од искуството на Вашето дете во Хелен Дорон?
Моето дете посетува часови во Училишниот центар на Хелен Дорон во Битола. Воодушевена сум од пристапот на специјално обучените и сертифицирани Хелен Дорон учители. По реакциите и раскажувањата на Борјан во Хелен Дорон знаат часот да го претворат во магија, со заборавената учителска љубов и внимение да допрат до секое дете, да го мотивираат, да го научат и да ги разберат сите негови потреби.
Што друго би можела да посака една мајка за своето дете?
Топло препорачувам!

Закажете бесплатен ДЕМО час и заедно со вашето дете запознајте се уникатноста на Хелен Дорон методологијата.
Пријавете се во Хелен Дорон училишниот центар најблиску до вас:

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 070 984 435
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Veles – 075 300 304
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Gevgelija – 078 220 391
Helen Doron Strumica – 071 242476
Helen Doron Kocani – 071 314 499