Македонија
 

Ве очекуваме на Хуманитарниот базар

2016-04-22 16.50.32
Зајачиња, шарени јајца, корпи, мини фарма со животни, пиленца… и уште многу, многууууу ракотворби од вредните рачиња на нашите дечиња пристигнаа во нашиот Центар. Дури и вистински цвеќиња засадени специјално за овој настан.
Сите дела се изложени во Хелен Дорон Центар, а продажбата иако беше планирано да почне од понеделник, сепак почна од петокот. Сите ракотворби се толку прекрасни што учениците и родителите кои дојдоа на часови во петокот не можеа да одолеат, а да не купат нешто. Освен што сме среќни за големиот одѕив кој го имавме, пресреќни сме оти знаеме дека ќе се исполни нашата желба, да имаме успешна акција.
Поканети се сите наши ученици, нивните родители, баби, дедовци, другарчиња, и нашите фејсбук пријатели да го посетат центарот и земат учество во овој хуман настан.

2016-04-22 16.50.54

2016-04-22 16.50.50

2016-04-22 16.50.45

2016-04-22 16.50.38