fbpx
 
 
Македонија
 

Валентина Динова Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова, нашиот Мастер Франшизер на Helen Doron English за Македонија, беше наградена меѓу 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа до 40 години. Водител на церемонијата беше познатиот турски актер и изведувач Јусуф Емини.

„Почестена сум, што сум дел од оваа прекрасна организација и заедница на успешни претприемачи. Среќна сум и благодарна што го имам луксузот да работам во област која има огромен импакт врз иднината на идните генерации. Силно верувам дека квалитетната едукација е една од најважните работи што треба да им ги овозможиме на нашите деца за да имаат подобра иднина. Јас како поединиц, заедно со сите инволвирани во во Helen Doron English франшизната мрежа во Македонија, не штедиме ресурси за да го донесеме и имплементираме во нашата држава најдоброто од едукација од светот, но и да го направиме достапно за што поголем број на деца низ целата држава. Нашите деца имаат огромен потенцијал и заслужуваат квалитетна едукација, кој им гарантира подобра иднина и поголеми можности“ изјави Валентина Динова во своето обраќање на доделувањето на наградата.

Оваа награда е големо признание за мене, но и за целиот наш тим од франшизери и учители, кои посветено работат на овозможување квалитетна едукација на голем број на деца низ државата, додаде Валентина завршувајќи го своето обраќање.

Business Elite’s Awards претставува престижна програма за наградување и вмрежување на извонредни претприемачи и бизнис лидери, со мисија за проширување и зголемување на деловните можности и меѓународни соработки помеѓу бизнисите.

Наградите „Business Elite’s“ се заштитен знак на Global Top Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада и имаат за цел да ги идентификуваат извонредните поединци ширум светот кои се издвојуваат по својата посветеност и професионален успех.