Македонија
 

ВАЖНОСТА НА ЧИТАЊЕТО НА ГЛАС

Давање на малите деца основа за успех.

Кога погледнуваме наназад на нашето детство, многумина од нас имаат убави сеќавања додека ни читале, успивале и сме уживале во омилената приказна со луѓето кои нè сакаат. И не се сќаваме толку на приказната, туку чувството на љубов и сигурност.

Читањето на глас, традиција помината низ многу семејства, всушност претставува прекрасен начин да им помогнете на децата да го достигнат својот целосен потенцијал: Читањето на глас е одличен начин за ангажирање со мали деца. Она што правите во првите неколку години ја поставува сцената за остатокот на животот на детето. Тоа е време кога искуствата на детето неповратно влијаат на развојот на мозокот – за подобро или полошо.Негувањето од страна на родител или старател полн со љубв во раните години поддржува здрав развој на мозокот која ја создава основата за успех во училиште а и во животот. Еден од надобрите начини за ангажирање со мали деца е преку заедничко гледање на книги. Дури и бебињата сака да бидат во прегратки и да го слушаат гласот на мајката или таткото додека читаат книга на глас.

Untitled design (1)

Читањето на глас го поттикнува развојот на јазикот и вештини за рана писменост.Општо е прифатено дека читањето на глас е единствена најважна истражувана активност што води кон развој на јазикот и поттикнува вештина за рана писменост, како што се:

  • Постапување со книга и именување
  • Разбирање на светот на приказните
  • Препознавање на звуци и букви
  • Познавање на широк опсег на вокабулар
  • Способност да слуша

Дури и бебињата можат да имаат корист од читањето на глас. Сите овие вештини се од суштинско значење иако децата започнуваат во училиште и учат како да читаат.

Читањето на глас:

  • Гради мотивација, љубопитнст и меморија
  • Им помага на децата да се справат со стрес или анксиозност
  • Ги носи на места и времиња каде што никогаш не биле, ги проширува и ги подобрува нивните светови
  • Создава позитивна поврзаност со книгите и читањето

И покрај сите придобивки од гласното читање, истражувањата покажуваат дека само дел од родителите секојдневно им читаат на своите деца, а помалку од 10 проценти им читаат на децата од рано детство. Семејства кои живеат во сиромаштија помалку е веројатно да им читаат на глас на нивните доенчиња и мали деца.Ова е место каде што Reach Out and Read е корисен. Во Reach Out and Readверуваме дека сите семејства треба да имаат алатки и информации потребни за читањето на глас да стане секојдневна рутина, дека на сите деца треба да им се даде основа за успех во училиште и поширко.Доктори и медицински сестри од Reach Out and Read ја предаваат програмата за време на рутинските педијатриски прегледи, така што имаат повторен и непосреден пристап до семејства со деца од самото раѓање па се до пет години. Повеќе од 91% од децата помали од шест години ги носат на прегледи секоја година. Дури и постапување со книгите развива подготвенст за училиште кај доенчињата!Книгите можат да бидат корисни дури и за родители кои не читаат. Ги поттикнуваме да зборуваат за приказната што ја раскажува сликата. Ние, исто така, поттикнуваме партнерства помеѓу сајтови и локални библиотеки, за да го прошириме изборот на книги достапни за семејствата.Кога им се нуди насоки за читање на глас кај доенчиња, мали деца и деца на предучилишна воздраст, тогаш родителите имаат можност да им дадат на своите деца најдобар почеток во животот.

Читањето на глас е од особена важност, затоа Ви даваме предлог – пет посебни книги кои можете да ги читате на глас заедно со вашите посебни деца, прегледајте овде.

________________________________________________________

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476