Македонија
 

Билингвалните деца се попаметни!

Билингвализам или двојазичност значи да се зборува уште еден јазик како мајчин јазик, да се има флуентна и слободна комуникација, природен акцент, да се размислува на тој јазик и да се познава значењето на самиот јазик. Најчесто билингвализмот се развива уште од најмала возраст т.е бебиња. Колку порано се започне со изучување на втор јазик толку е подобро и полесно, бидејќи научно е докажано дека децата имаат способност да го апсорбираат јазикот доколку се најдат во друга јазична среднина, особено ако се позитивно стимулирани.

values

 

Зборување два јазика, наместо еден има практична корист во се повеќе глобализираниот свет. Тоа значи развивање на широко гледни (open mind) деца способни да прифатат различни култури и начини на размислување. Билингвалните деца имаат поголем пристап до луѓе и ресурси со што имаат поголеми шанси за вработување, напредок и успех.

Кои се придобивките од билингвализмот

Двојазичноста или билингвализмот значи познавање на втор јазик исто токлу добро како и мајчиниот јазик. Тоа значи да се знае и зборува втор јазик, да се размислува на тој јазик, да се има течна и лесна комуникација, и да се има природен акцент. Оваа може да се постигне единствено во раната возраст од детството т.е до 7 година. Тогаш се градат мозочните врски и најногу се искористува и развива мозочниот потенцијал. Во тој период на развој е возможно создавање на два јазични системи.

video1

Дополнително, доста интересни се податоците, кои во последно време излегуваат со научните истражувања дека билингвализмот има огромно влијание врз целосниот мозочен и емотивен развој:
– Билингвалните деца имаат поголема и побрза мозочна активност, бидејки со развивањето на два јазични система се стимулира и поголем развој на мозочни синапси во деловите на мозокот кои се одговорни за меморија, фокус, внимание и мултитаскинг.
-Билингвалните индивидуи се покреативни и поспособни за планирање и решавање на покомплексни и логични проблеми.
-Билингвалната едукација на децата им овозможува да стекната поголема емоционална стабилност.
– Ја зголемува самодовербата и самопочитта во социјалната интеракција и овозможува побрза адаптација на нови ситуации и средини.
-Билингвалните деца развиваат посуштинско разбирање за структурата на јазикот, што е многу важна алатка за писменоста. Способни се да учат нови зборови многу полесно и изучувањето на трет или повеќе јазици е многу поедноставно.

video 2

 

Научните истражувања укажуваат на тоа дека билингвалноста (двојазичноста) има големо влијание врз менталниот развој на детето и развојот на когнитивните способности. Билингвалните деца се попаметни, а нивниот мозок побрз. Имаат поголема способност за фокус и внимание, за решавање покомплексни проблеми, пофлексибилни се и полесно се адаптираат на ситуации за разлика од нивните монолингвални врсници.

Повеќе детали за Helen Doron English методот може да добиете доколку не посетите во еден од нашите 12 училишни центри во Македонија и дојдете на еден бесплатен демо час заедно со вашето дете.

Закажете бесплатен ДЕМО час во центарот најблиску до вас

Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 077 711 991
Helen Doron Cair – ‎072 206 622
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 844 855
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Strumica – 071 242 476