Македонија
 

Бебињата се родени да научат многу говорни јазици

DSC_8698

Детскиот мозок се разликува од мозокот кај возрасните, бидејќи има многу динамична структура која евоулира. Две годишно дете има двојно повеќе синапси (врски меѓу нервните клетки во мозокот, кои овозможуваат пренесување на нервните импулси) за разлика од мозокот кај возрасна личност.

Младиот мозок мора да ги искористи овие синапси за да не ги изгуби. Бебињата се родени како граѓани на светот, па поради тоа можат да ги разликуваат звуците позајмени од сите јазици. Тие се подготвени за учење на било кој јазик кој го слушаат.
Истражувањата покажуваат како во развојот на јазикот постои период во кој детето ги учи јазиците природно. По овој период мозок постепено станува помалку флексибилен и додека детето стигне во адолесценцијата мозокот не може подеднакво добро и природно да го развие било кој когнитивен систем, вклучувајќи го и јазикот.
Моќта за учење јазик кај малите деца е толку голема што воопшто не е важно со колку јазици се соочуваат. Децата можат да научат толку говорни јазици, колку што ќе им дозволите да слушаат, а ќе ги учат систематски, редовно и истовремено. Оваа способност ја имаат само децата. Единствено нивниот мозок е способен за вакво нешто. Со оглед на тоа, изгледа дека не постои ни една причина да не учи детето повеќе јазици истовремено.
Helen Doron Early English е единствен метод за подучување говорен јазик кај бебиња и мали деца. Тие го слушаат правилниот англиски јазик кој се повторува во тек на посебно координирани активности, исполнети со забава, во опкружување кое го поттикнува учењето. На почетокот децата не мора внимателно да слушаат или да се обидуваат да ги разберат новите зборови, но тие набрзо ќе им станат познати низ повторувањето звуци, зборови и реченични структури. Децата почнуваат да го разбираат јазикот природно и лесно, што едноставно имате впечаток дека станува збор за магија.